| Голем мултиетнички хепенинг во Струга |
|
ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПОД ИСТО СОНЦЕ
концерт:
Флаери и постер за настанот - македонски (кликни на сликата за поголема верзија)
Флаери и постер за настанот - албански (кликни на сликата за поголема верзија)
На 4 јули 2009 год, во 12 часот во Автокампот „АС“ во Струга започнува вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“. Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници. Ќе бидат претставени народни носии, ракотворби, традиционални јадења и фолклорни игри од различни градови во Македонија. Настанот ќе го отвори Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и ќе го промовира „Водичот за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“. Во рамки на хепенингот, во амфитеатарот на Евроколеџот во Струга ќе бидат организирани две панел дискусии: „Сегрегацијата во образованието – предизвик за мултиетничкото општество“ и „Дали Охридскиот рамковен договор донесе подобрување на меѓуетничките односи?“ Како завршница на еднодневниот мултиетнички хепенинг, со цел создавање простор за дружење на младите, од 20 до 24 часот ќе настапат Мајка бенд, Паркети, Бени & Нон Стоп и Кирил Џајковски. Влезот за сите посетители на хепенингот е слободен. Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ. [Комплетна програма] [Program i completuar]
Кратка програма [македонски] [english] [shqip] [српски] [aromani] [türkçe] [bosanski] [romani]
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||