За проектот
 
[македонски]   [english]   [shqip]   [српски]   [romani]   [aromani]   [türkçe]   [bosanski]   
 
Проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ е финансиран од Европската комисија во рамките на Кампања 4 на Европската иницијатива за демократија и човекови права (EIDHR): унапредување на еднаквоста, толеранцијата и мирот и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ). Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.298.500 евра (Европска комисија: 979.983 евра, ФИООМ: 318.517 евра).

ФИООМ, во соработка со ЗГ Заеднички вредности и 12-те Центри за поддршка на НВО, проектот ќе го спроведе во регионот на Велес, Прилеп, Штип, Кичево, Струга, Ресен, Гевгелија, Неготино, Струмица, Делчево, Кратово, Дебар, Куманово и Тетово. 

Целта на проектот е да се подобри статусот на малцинските групи и да се зајакнат капацитетите за активно учество во креирањето на јавните политики на локално и на национално ниво.

Проектот ги има следниве задачи:

      •    да ја зголеми јавната свест за правата на малцинските групи и да промовира почитување и заштита на малцинствата во согласност со релевантните меѓународни конвенции и со националното законодавство;
      •    да изврши мониторинг на спроведувањето на постоечките антидискриминациски одредби во општините;
      •    да ги мотивира претставниците на малцинските групи да учествуваат во креирањето на јавните политики и во реформите, посебно во областа на заштита на нивните права;
      •    да ги развива капацитетите и соработката меѓу НВО и институциите што работат со маргинализираните етнички малцинства и со етничките заедници;
      •    да влијае врз владините институции во поглед на натамошно спроведување на стратегијата за правична застапеност на малцинствата во јавната администрација и јавните претпријатија.

Времетраењето на проектот е 30 месеци, од јануари 2007 до јуни 2009 година.

Крајните корисници на проектот се претставниците на различни етнички малцинства во земјата. 
Непосредни корисници на проектот се:

      •    НВО што работат на прашања за малцинствата, кои ќе ги зајакнат сопствените капацитети, посебно во насока на лобирање и застапување за спроведување на меѓународните и националните одредби и за активно учество во процесите за донесување на одлуки.
      •    локалните власти, кои ќе го зголемат сопственото знаење за признавање и справување со потребите на заедниците коишто не го сочинуваат мнозинството и ќе бидат поттикнати да практикуваат и промовираат ефективно граѓанско учество во изготвувањето нацрти на соодветните политики.
      •    јавните институции на локално и на национално ниво, кои ќе ја подобрат сопствената соработка со субјектите од граѓанското општество во однос на заштитата на малцинските права. 
      •    медиумите, кои ќе ја развијат сопствената сензитивност во однос на малцинските права и дискриминацијата, разбирањето на механизмите за заштита и улогата на различните институции. 
      •    граѓаните, кои ќе бидат соодветно информирани за одговорностите на централната и на локалните влади за изведување на нивните должности во однос на заштитата на малцинските права и ќе бидат поттикнати да се стекнат со средства и одредби за активно учество во формулацијата на политиките и во донесувањето на одлуки.

Проектот го сочинуваат три компоненти:

Компонента 1: Градење капацитети и вмрежување
Компонента 2: Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест
Компонента 3: Мониторинг на локалната администрација


Активностите во проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:

     1)    Зголемени капацитети на НВО и институциите кои работат на прашањата за малцинските права.
     2)    Создавање на зголемен број на ефективни мрежи на НВО кои ќе се застапуваат за прашањата што се важни за малцинските групи на локално, регионално и на национално ниво. 
     3)    Подобрените односи и соработката меѓу релевантните засегнати страни ќе доведат до подобро разбирање на правата и обврските на обете страни (институции-граѓани) и ќе влијаат на  креирањето на сензитивни политики.
     4)    Граѓаните ќе бидат информирани за законодавството за малцинските права. 
     5)    Ќе се зголеми јавната свест за значењето на „правична застапеност на малцинствата“ (и жени и мажи) во сите области на социјалниот живот. 
     6)    Активностите за застапување и лобирање ќе влијаат на процесите за донесување на одлуки на локално и на национално ниво.