spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Регионални работилници arrow Регионална работилница „Размена на искуства на НВО мрежи”
Регионална работилница „Размена на искуства на НВО мрежи” Испечати Е-пошта
nvo_mrezi_2.jpgВо организација на Фондацијата Институт Отворено општество -Македонија и здружението „Заеднички Вредности” и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (поранешен Центар за поддршка на НВО) на 17 и 18 октомври 2009 година во Битола се одржа работилница на тема „Размена на искуства на НВО мрежи”. Во работилницата учествуваа 29 активисти на мрежите формирани во рамките на проектните активности: Мрежата на граѓанските здруженија на Власите од Р. Македонија , Федерацијата на здруженија на граѓани „Хрватски Национален Совет” во Р. Македонија и регионалната мултинационална мрежа „Виадукт”
Целта на работилницата беше да се направи рефлексија на научените лекции од досегашните активности на трите НВО мрежи, да се едуцираат учесниците за јасната дистинкција меѓу стратешкото и оперативното управување со мрежите и да се подготват нацрт-планови за следните чекори на мрежите. Работилницата ја водеше Марио Вељковиќ, кој користеше комбинација на активни форми на работа - дискусија во голема група, практични примери, практична работа во мали работни групи со пасивни форми на презентација, коментари и препораки.
nvo_mrezi.jpgВо рамките на работилницата претставниците од 3-те мрежи подготвија профили на мрежите со кои се претставија пред останатите учесници. Профилите ќе им бидат од корист и во нивното понатамошно промовирање во јавноста во комуникација со потенцијални донатори. Потоа следуваше самоанализа на оперативните задачи на мрежите од аспект на тоа што било најдобро, што може да биде подобро и како тоа да се постигне. На овој начин сите три мрежи направија ревизија на досегашните активности, истите ги анализираа и ги презентираа. Беа презентирани не само успесите туку и сè она што можело да биде подобро, а преку самоанализа се добија и повратни информации од другите учесници за да може да се постави основата за иден развој. Во понатамошниот тек на работилницата следуваше класична интерактивна презентација и се овозможи трансфер на знаења поврзан со феномените лидерство и менаџмент (сличности и разлики). Тоа даде повод за предлози за раздвојување на стратешкото и оперативното управување со мрежите. Беше договорено во идниот период секоја мрежа да подготви план за акција за 2010 година во кој ќе се испланираат следните чекори.
Учесниците искажаа позитивни оценки и мислења околу содржината, начинот на водење, методите на учење, како и логистиката и организацијата на семинарот.
 
 
kum007
tt117
res493
sht453
sk892
pp776
kic012
sr935
gev375
kr356
Коментари
Додади ново Пребарај
asd  - asd   |98.126.212.xxx |2010-05-24 05:03:59
The Silen-T link:http://www.replicame.com/rolex-watches.html from the link:http://www.replicame.com/tag_heuer-watches.h tml Touch watch
collection is the link:http://www.replicame.com/rolex-daytona-watch es.html only watch that link:http://www.replicame.com/rolex-datejust-watc hes.html does not have link:http://www.replicame.com/omega-watches.html tactile functions
asd  - ASD   |98.126.212.xxx |2010-05-24 05:04:26
http://www.replicame.com/rolex-watches.html
asd  - ASDASASD   |98.126.212.xxx |2010-05-24 05:04:48
The Tissot replica watches brand a well known tag heuer and respected line
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB