spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Децентрализацијата како можност за социјална инклузија на немнозинските етнички заедници на локално ниво”
Обука на тема „Децентрализацијата како можност за социјална инклузија на немнозинските етнички заедници на локално ниво” Испечати Е-пошта
obuka_novinari_2.jpgОбука на тема „ Децентрализацијата како можност за социјална инклузија на немнозинските етнички заедници на локално ниво” се одржа на 27-ми и 28-ми октомври 2009 год. во Велес за учесници од Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани и Штип. На обуката присуствуваа 10 претставници на невладини организации и 8 претставници од медиуми, меѓу кои новинари од локалните електронски медиуми, дописници на медиуми со национална фреквенција и новинари од локалните и националните печатени медиуми. Иницијативата за реализација на оваа обука беше покрената од новинарите од локалните медиуми во Источна Македонија. Обуката ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини со цел учесниците да се запознаат со историјатот и правните основи за децентрализацијата во земјава и да ги анализираат можностите за вклучување на немнозинските заедници во локалните процеси на донесување одлуки. Во потесна смисла, обуката овозможи учесниците да разменат ставови во однос на улогите, придобивките, пречките и начините за надминување на пречките од активно вклучување на новинарите-професионалци во процесите на децентрализацијата во Република Македонија.
obuka_novinari.jpgУчесниците работеа во многу пријатна атмосфера и ги искажаа своите мислења за досегашниот процес на децентрализација на локално ниво. Групата беше многу активна и вредно работеше како во мали групи, така и на пленарно ниво. Имаше посебна сесија за начинот на прибирање информации од страна на новинарите и начинот на пренесување информации за активностите од страна на невладините организации. Оваа тема беше обработена и во контекст на взаемната соработка и давање заеднички придонес кон граѓанското општество.
Од обработката на прашалниците поделени по завршувањето на предавањата, може да се заклучи дека учесниците се многу задоволни од обуката, имаат пофални зборови за организаторот и предавачите и се заинтересирани за учество на повеќе обуки од ваков тип. Новинарите искажаа голема благодарност кон организаторот за учеството. Тие изјавија дека ова е прв пат некој да ги испочитува како професионалци и да ги покани на ваква тематски важна обука. Активистите од невладините организации беа претежно млади луѓе и тие исто така многу позитивно се изјаснија за самата обука.
Обуката ja организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

del56vo

sht453

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB