spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Мониторинг на локалната администрација arrow Прес конференции arrow Конференција за печат со наслов „ Децентрализацијата, можност за потолерантни општини - Струга”
Конференција за печат со наслов „ Децентрализацијата, можност за потолерантни општини - Струга” Испечати Е-пошта
press_konferencija_struga.jpgФондацијата Институт отворено општество - Македонија на 28 октомври 2009 год. организираше конференција за печат со наслов „ Децентрализацијата, можност за потолерантни општини - Струга” која се одржа во просториите на локалната канцеларија на проектот во Струга (Здружение за развој и активизам „Аква”). На конференцијата за печат присуствуваа 2 новинари (Радио Рапи и дописник на ИНА и КОХА), 5 активисти на невладини организации и 2 преставници од Комисијата за односи меѓу заедниците во Струга. Цел на настанот беше да се информира локалната јавност за досегашното набљудување на работата на локалната администрација во општина Струга во поглед на спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на немнозинските етнички заедници и соодветната и правичната застапеност во институциите. Конференцијата се одвиваше на македонски и делумно на албански јазик.
Еди Ќела, член на локалниот мониторинг тим, ја отвори конференцијата презентирајќи ги наодите од набљудувањето на локалната администрација кое беше спроведено од јануари 2008 до јуни 2009 година со конкретни предлози и препораки за подобрување на состојбите во следните области: образование, застапеност во управни, административни и во јавни општински структури, толеранција и разбирање, мултикултурализам и комисија за односи меѓу заедниците.
Во рамките на конференцијата за печат локалниот мониторинг тим упати сугестија до општината, во соработка со другите институции и со невладиниот сектор, да донесе стратегија за зближување на младите од сите етнички заедници како превентива од меѓуетнички тензии во иднина. Исто така, беше препорачано општината да ги вклучи и помалите етнички заедници во локалните институции и во јавниот живот.
Конференцијата за печат започна во 14:00 часот и траеше еден час.

Презентација од конференцијата за печат

sr935

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB