spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Мониторинг на локалната администрација arrow Прес конференции arrow Конференција за печат за резултатите од набљудувањето на општините Крива Паланка и Старо Нагоричане
Конференција за печат за резултатите од набљудувањето на општините Крива Паланка и Старо Нагоричане Испечати Е-пошта
100_0023copy.jpgНа 28 октомври 2009 год. во 17:30 часот во малата сала на општина Крива Паланка се одржа конференција за печат на која беа претставени резултатите од набљудувањето на локалната администрација за општините Крива Паланка и Старо Нагоричане во периодот од 1 јануари 2008 до 30 јуни 2009 година. Конференцијата за печат ја отвори и со неа раководеше членот на оперативната група за мониторинг и локален координатор на проектот Борјанчо Мицевски кој даде општ вовед за проектот, методологијата на набљудување и општите констатации и состојби на национално ниво. За резултатите од мониторингот и конкретните состојби на локално ниво, како и можните решенија и препораки за надминување на проблемите, говореа членовите на локалниот мониторинг тим за Крива Паланка и Старо Нагоричане: Емилија Томиќ, Мустафа Јакупов и Гоце Ангеловски.
Мустафа Јакупов се осврна на проблемите со кои се соочува ромската етничка заедница во Општина Крива Паланка, додека Емилија Томиќ и Гоце Ангеловски зборуваа за правата на српската етничка заедница во Општина Старо Нагоричане.
На конференцијата за печат присуствуваа 5 новинари (дописници на МИА , Дневник, МТВ и локалната телевизија Златен Канал). Тие се интересираа за конкретни бројки и показатели во однос на вклученоста на децата Роми во основното и средното образование во Крива Паланка, како и за тоа кој треба да ги спроведе препораките кои се дадени во извештајот.
Конференцијата за печат заврши околу 19.10 часот со поединечни изјави од членовите на тимот за локалната телевизија Златен Канал – Крива Паланка.

kr356

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB