spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Мониторинг на локалната администрација arrow Прес конференции arrow Конференција за печат „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Кичево, Вранештица и Другово”
Конференција за печат „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Кичево, Вранештица и Другово” Испечати Е-пошта
press_ki_3.jpgНа 28.10.2008 год. со почеток во 16:00 часот во просториите на Центарот за развој на заедницата – Кичево, кој е воедно и локална канцеларија на проектот, се одржа конференција за печат со наслов „ Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Кичево, Вранештица и Другово “. На конференцијата за печат присуствуваа 10 претставници од медиуми, невладини организации и институции. Членовите на локалниот мониторинг тим Исмет Балажи, Магда Сарџоска и Нерфмина Фазлијоска и локалниот координатор за кичевскиот регион Елизабета Ристеска пред присутните дадоа краток опис на проектот и текот на спроведените активности од компонентата Мониторинг на локалната администрација . Тие особено се осврнаа на досегашното 18 месечно набљудување на работата на локалната администрација и резултатите од мониторингот произлезени како видувања на мониторинг тимот во областите: безбедност, право на еднаквост, образование, толеранција, разбирање и соработка, социјални односи и улога на граѓанските организации во Кичево, Другово и Вранештица. Врз основа на согледувањата од спроведениот мониторинг беа презентирани можни решенија и препораки за подобрување во некои области.
Препораките за Кичево се однесуваат на подобрување на состојбата во следните области: образование, соодветна и правична застапеност, работата на Комисијата за односи меѓу заедниците, употребата на јазикот, улогата на граѓанските организации.
Од страна на членот на локалниот мониторинг тим беше посочена печатна грешка во извештајот во делот на соодветната и правична застапеност на немнозинските етнички заедници во Општина Другово и беа презентирани препораки за подобрување во следните области: образование  и соодветна и правична застапеност во општината.
Можните решенија и препораки за подобрување на состојбата во Вранештица се однесуваат на следните области: состојбата на жените од немнозинските етнички заедници и правичната застапеност на сите етнички заедници во општината.
Конференцијата се одвиваше на македонски јазик, а делот кој се однесуваше за општина Кичево се говореше на албански јазик. Презентацијата беше на македонски јазик.

kic012

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB