| Конференција за печат „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Дебар и Центар Жупа” |
|
|
На 27-ми октомври 2009 год. во Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар се одржа конференција за печат со наслов „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Дебар и Центар Жупа”.Целта на конференцијата за печат беше да се информира локалната јавност за досегашното следење на работата на локалната администрација во општините Дебар и Центар Жупа во поглед на спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на немнозинските етнички заедници и соодветната и правичната застапеност во институциите. На конференцијата за печат говореа Шуип Марку, локален координатор на проектот за подрачјето на Дебар кој ја презентираше методологијата на спроведувањето на мониторингот. Гоце Љубиновски и Мухарем Имеровски, членови на локалниот мониторинг тим за Дебарскиот регион ги претставија резултатите од набљудувањето на локалната администрација кое беше спроведено од јануари 2008 до јуни 2009 година анализирајќи ги состојбите во областите безбедност, право на еднаквост, образование, правична застапеност, толеранција, разбирање и соработка, социјални односи и улогата на граѓанските организации. Тие исто така дадоа препораки за подобрување на состојбите во одредени сфери за општините Дебар и Центар Жупа. На конференцијата за печат присуствуваа новинари од локалната телевизија ТВ Жупа, локалното радио Мерлин, дописници на весниците Коха и Лајм, дописник на вториот канал на Македонската телевизија, како и дописник на Радио Слободна Европа. Конференцијата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество во соработка со локалната канцеларија на проектот во Дебар (Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, поранешен Центар за поддршка на НВО).
Презентации од конференцијата за печат
deb237
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 27-ми октомври 2009 год. во Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар се одржа конференција за печат со наслов „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Дебар и Центар Жупа”.




