spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Јавни дебати arrow Tрибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“
Tрибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“ Испечати Е-пошта
treta_tribina_debar.jpgНа самиот почеток од трибината беше организирана традиционална рамазанска вечера (ифтир) за учесниците, со дебарско мени. По заедничката вечера следуваше кратко објаснување за проектот.
Во понатамошниот тек на трибината, воведно излагање имаше Ружди Лата, преставник на исламската верска заедница, кој даде историска ретроспектива за верската толеранција во Дебар, практикувањето на толеранцијата во секојдневниот живот и верската толеранција кај Албанците низ историјата. Спомна дека во Дебар има добро изградена толеранција меѓу етничките заедници и почитување на религиозната припадност, што ретко се случува во другите градови. Наброја примери од минатото за тоа како се чувал соживотот, солидарноста меѓу Албанците и Македонците, како и меѓу другите етнички заедници од различна вероисповед. На трибината посебно го поздрави присуството на христијанските верници кои покажуваат почитување кон приврзаниците на исламот во Дебар. На крајот од своето излагање му се заблагодари на организаторот за вечерата и трибината и ја оцени како пример за конкретно зближување кое се стреми кон европскиот прогрес.
Благоја Спироски, преставник на христијанската верска заедница, им го честита на учесниците празникот Рамазан, и го искажа своето задоволсство од соживотот што го сретнал во Дебар и меѓусебното почитување што го негуваат сите граѓани. На присутните им препорача грижливо да го чуваат чувството на толеранција, кое историски се негува во Дебар, и своите деца да ги едуцираат во духот на љубовта и почитта кон сите. Воедно ги наброја христијанските празници кои се слични со исламските, постите кои покажуваат сличности, пораките на празниците како Прочка, Велигден итн. На крајот од своето излагање им посака среќа и здравје на сите, и и во иднина вака да се собираат, да живеат во љубов и толеранција како верска и мултиетничка заедница.
Д-р Илбер Кокале, лекар-специјалист и директор на градската болница во Дебар објасни како се постело низ историјата почнувајќи од старите Египќани, старите Грци, филозофите, старите лекари и Русите, се до денес. Нагласи дека пациентите постењето го доживуваат како чистење на организмот, а истото во некои клиники се користи како терапија за лечење. На учесниците им порача постењето да не го сфаќаат како пречка во работата и учењето, а децата треба да се хранат нормално за да може да следат настава и да учат. Старите и болните лица кои земаат терапија не е препорачливо да постат, исто како и мајките на доенчиња. На крајот од трибината имаше неколку изјави на задоволство и препораки за почесто одржување на вакви средби преку кои ќе се унапредува мултиетничкиот соживот во регионот и граѓаните ќе живеат во слога и разбирање давајќи пример за сите. Трибината ја организираше Фондација Институт отворено општество – Македонија во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред (македонски , english )

deb237

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB