| Регионална средба на Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците |
|
|
На 26-ти јуни 2008 год. во Тетово се одржа регионална средба на Народниот правобранител – регионална канцеларија Тетово со Комисиите за односи меѓу заедниците од општините Тетово, Гостивар, Врапчиште, Јегуновце, Брвеница, Боговиње и Маврово и Ростуше.
Целта на регионалната средба беше да се поттикне соработката меѓу Народниот правобранител и Kомисиите за односи меѓу заедниците за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници. Краток вовед во средбата даде Сунчица Костовска - Петровска, менаџер на проектот, со претставување на целите на проектот и предвидените активности. Марина Обадиќ - Заменик Народен правобранител ги запозна учесниците со надлежностите на институцијата Народен правобранител во делот на заштита на правата и слободите на граѓаните. Исто така, објасни дека со потпишувањето на Рамковниот договор и амандманите на Уставот од 2001 година, надлежноста на Народниот правобранител се проширува и во доменот на следење на состојбата на правична застапеност и состојбата на заштита од дискриминација на припадниците на различни етнички заедници. Досега немале претставки за дискриминација, со исклучок на само еден случај. Истакна дека соработката со државните институции не е на посакуваното ниво. Со поддршка на градоначалникот на општина Гостивар еден дел во неделата за Заменикот Народен правобранител е отстапен простор за прием на странки во општината и на тој начин се овозможува директна комуникација со граѓаните. Претставниците на Комисиите ја презентираа структурата и начинот на нивното функционирање, истакнувајќи ги предностите од своето работење во општините каде се постигнале забележителни резултати, но и проблемите со кои се сретнуваат (вклучување на надворешни членови во составот на комисијата, етничкиот баланс и постојаноста на комисијата, буџет за комисијата, промена на член на комисија, запознавање на граѓаните со надлежностите на комисијата). Тие искажаа желба и подготвеност за поголема соработка со месните заедници и невладините организации, но и за интензивирање на соработката со Народниот правобранител. Во дебатниот дел добија конкретни одговори од Народниот правобранител на прашања поврзани со постапката за доставување претставки од страна на комисиите и улогата на локалната самоуправа и советот на општината во целата процедура. На средбата беа презентирани и искуствата на Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) од страна на Наташа Вртеска, правен советник во ЗЕЛС. Таа истакна дека ЗЕЛС ќе формира работно тело за да ги согледаат проблемите на комисиите за односи меѓу заедниците и да можат да реагираат соодветно. На средбата се донесоа следните заклучоци: јавноста да биде подобро запознаена со улогите и задачите на комисиите за односи меѓу заедниците и Народниот правобранител и начините за искористување на нивните надлежности, комисиите да работат на промовирање на различностите и соработката помеѓу етничките заедници, државата да обрне повеќе внимание на препораките од Народниот правобранител и да се работи повеќе на подобрување/интензивирање на соработката меѓу комисиите за односи меѓу заедниците и Народниот правобранител. Модератор на средбата беше Игор Тасевски од Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп. Средбата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со невладината организација „Заеднички вредности” од Скопје. Дневен ред (македонски, shqip, türkçe) tt117
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 26-ти јуни 2008 год. во Тетово се одржа регионална средба на Народниот правобранител – регионална канцеларија Тетово со Комисиите за односи меѓу заедниците од општините Тетово, Гостивар, Врапчиште, Јегуновце, Брвеница, Боговиње и Маврово и Ростуше.
Целта на регионалната средба беше да се поттикне соработката меѓу Народниот правобранител и Kомисиите за односи меѓу заедниците за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници. Краток вовед во средбата даде Сунчица Костовска - Петровска, менаџер на проектот, со претставување на целите на проектот и предвидените активности. 




