| Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” |
|
|
На 20 и 21 јуни 2008 година во Велес се одржа обука на тема „Градење партнертства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување. Обуката опфатени различни теми поврзани со градење и ефективно управување со мрежи, и тоа: партнерства, запознавање со можни партнери (невладини организации, општини, институции), анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, мрежи и коалиции, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање, застапување и спроведување кампањи, градење партнерства со медиуми.
Обуката беше наменета за учесници од регионот на Неготино и Прилеп и на неа присуствуваа 2 претставници од локални институции од Неготино, 1 претставник од Општина Прилеп, 1 претставник од Општина Неготино, 2 претставници од Општина Долнени, како и 18 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци и Прилеп. Предавачи на обуката беа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини.Предавачите ги прилагодија содржините според потребите и знаењата на учесниците, особено во делот на практичната работа, кога почувствуваа дека поголем дел од учесниците имаат проблем во дефинирање на цели и активности за градење на партнерство. Учесниците ја оценија обуката како многу конструктивна. Тие активно се вклучуваа во дискусиите и одговорно и креативно ги сработуваа зададените задачи од страна на обучувачите. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Неготино и Прилеп, поранешни Центри за поддршка на НВО (Центар за локален развој „АНТИГОНЕА“ Неготино и Фондација за поддршка и развој Прилеп). Дневен ред pp776 neg073
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 20 и 21 јуни 2008 година во Велес се одржа обука на тема „Градење партнертства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување. Обуката опфатени различни теми поврзани со градење и ефективно управување со мрежи, и тоа: партнерства, запознавање со можни партнери (невладини организации, општини, институции), анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, мрежи и коалиции, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање, застапување и спроведување кампањи, градење партнерства со медиуми.
Обуката беше наменета за учесници од регионот на Неготино и Прилеп и на неа присуствуваа 2 претставници од локални институции од Неготино, 1 претставник од Општина Прилеп, 1 претставник од Општина Неготино, 2 претставници од Општина Долнени, како и 18 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци и Прилеп. Предавачи на обуката беа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини.




