| Трибина во Делчево „Последиците од малолетнички бракови кај ромската популација“ |
|
|
На 18-ти јуни 2008 год. во Делчево се одржа трибина на тема „Последиците од малолетнички бракови кај ромската популација”.Целта на трибината беше да се подигне свеста кај ромската популација за последиците од склучување малолетнички бракови од 3 аспекти: правен, медицински и социјален. На трибината учествуваа 15 претставници на невладини организации, 2 претставници на институции и 24 граѓани од Делчево и Пехчево.
Меѓу другото, на трибината се дискутираше за проблемите кои настануваат од врските на малолетници како од иста вероисповед, така и од различна. Беше констатирано дека е голем бројот на вонбрачни заедници кај ромската популација, но и дека има голем број на брачни парови кои не живеат заедно, а не се разведени бидејќи поради лошата економска ситуација немаат пари да ги платат трошоците за развод. Исто така, присутните се согласија дека е сé поголем бројот на млади девојки кои прерано влегуваат во брак заради бременост и се зголемува бројот на жени кои ја прекинуваат несаканата бременост. Од трибината произлегоа две главни препораки, и тоа: потребна е поголема едукација и информираност за контрацепција и полово преносливи болести (по можност да се организираат вакви трибини и во руралните средини) и потребно е да се воспостави поголема соработка со Центарот за социјални работи и образовните институции. Трибината ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со канцеларијата на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево - поранешен Центар за поддршка на НВО Делчево). del56vo
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 18-ти јуни 2008 год. во Делчево се одржа трибина на тема „Последиците од малолетнички бракови кај ромската популација”.




