spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Јавни дебати arrow Јавна дебата во Велес „Образованието на немнозинските етнички заедници – предизвици и проблеми”
Јавна дебата во Велес „Образованието на немнозинските етнички заедници – предизвици и проблеми” Испечати Е-пошта
javna_debata_veles_049.jpgНа 09 јуни 2008 год. во салата на општина Велес се одржа јавна дебата на која присуствуваа 120 гости (66 претставници на институции, 45 претставници на невладини организации и 9 новинари од Велес, Чашка и Градско).
На дебатата, организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, воведно излагање имаа јавни личности, граѓани и експерти од регионот. Градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски ја отвори дебатата и посочи дека можност за побрзо изнаоѓање решенија во образованието нуди процесот на децентрализација, кој за жал се одвива бавно. Во однос на искажаната потреба за отворање паралелка на албански јазик во Велес, тој потенцираше дека општината е во постојана комуникација со Министерството за образование и наука, родителите и училиштето. Потребата ќе се решава перманентно, почнувајќи со можноста децата да учат и во друг град каде има соодветен наставен кадар. Биљана Донева, соработник за образование, култура, спорт и рекреација во општина Чашка, укажа на потребата од подобрување на условите во објектите и проблемот со несоодветен кадар во подрачните училишта во селата Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште и Горно Врановци, каде наставата се изведува на албански јазик. Асен Прличков,  директор на ООУ „Васил Главинов“ од Велес, објасни дека javna_debata_veles_051.jpgпреземањето на надлежностите од националната кон локалната власт се одвива бавно и затоа училиштата имаат одредени пречки во остварувањето на своите надлежности. Воедно препорача невладините организации да бидат промотори во јавноста за да може учениците од сите етнички заедници да бидат опфатени со образованието. Мурати Нејаз, претставник на Советот на родители при ООУ „Васил Главинов“, ги истакна проблемите во реализацијата на наставата на албански јазик во училиштето. Иако има законско решение за спроведување настава на албански јазик, поголем  дел од наставата се изведува на македонски јазик. Зати Рамаданов, претседател на невладината организација „Романи Бах“ од Велес говореше за проблемите на ромските учениците во Велес (изостанувањето од настава и лошата социо-економска состојба, која повлекува рана злоупотреба на трудот на децата од страна на нивните родители).
По завршување на воведните излагања се разви обемна дискусија, а искажаните ставови и коментари од страна на учесниците беа сумирани во заклучокот дека локалната и централната власт, раководствата на училиштата и родителите треба да имаат јасна визија за образованието, со следните препораки: државата да воспостави механизми во областа на образованието за мотивирање на немнозинските етнички заедници, да се инвестира во реконструкција на објектите, да се промовира образование каде основните училишта ќе ја засноваат својата работа врз реалниот број на ученици, стручното оспособување во средните училишта да се заснова врз пазарот на трудот, децата во училиштето да учат неоптоварени и да не се злоупотребуваат за политички цели, да се градат партнерски односи меѓу училиштето и родителите, да се информира населението за непочитување на законските одредби од областа на образованието, да се работи на подигнување на свеста за образование на женските деца од ромска и албанска националност, и да се даде поддршка и материјална помош за децата од социјално загрозени семејства. На крајот од дебатата претставниците на општините и образовните институции искажаа подготвеност да ги применат донесените препораки и заклучоци во своето работење.
Модератор на јавната дебата беше Веса Шкортова од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус” од Велес, воедно локална канцеларија на проектот во Велес (поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред (пдф, 187Кб)

ve983

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB