| Покана за учество на јавна дебата во Дебар |
|
|
|
[shqip]
Почитувани,Ве покануваме на јавна дебата на тема „Состојбата со заштитата на правата на немнозинските етнички заедници во Дебар и Центар Жупа“ на 04.12.2007 (вторник) со почеток во 13.00 часот, во хотел „Венец“, Дебар. Дебатата ја организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со ЗГ „Центар за одржлив развој на заедницата“ (поранешен Центар за поддршка на НВО - Дебар) во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“.
Цел на дебатата е да се поттикне дискусија на претставници од централните власти, локалните власти, невладините организации и граѓаните за заштитата на правата и за потребите на немнозинските етнички заедници во Дебар и Центар Жупа.
deb237 |









