| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“ |
|
|
На 5 и 6 јуни 2008 год. во Битола се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници”. Целта на обуката беше учесниците од регионот на Неготино и Прилеп да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници. Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики ја спроведоа обуката.Во обуката учествуваа 3 претставници од локални институции во Неготино и Кавадарци, 2 претставници од Општина Крушево, 1 претставник од општина Неготино, 2 претставници од Општина Долнени, 1 советник на Општина Прилеп, како и 23 претставници од невладини организации во Неготино, Кавадарци, Крушево и Прилеп. Темите кои беа обработени на обуката (процесот на децентрализација.во РМ, управувањето со мултиетнички заедници во теорија и пракса, споделувањето на моќ и власт, проблеми при споделување на локално ниво, различните концепти на управување со мултиетнички заедници во РМ и на локално ниво) беа комбинирани со практични вежби и дискусии. Иако се работеше со голема група од 32 учесници, постоеше пријатна работна атмосфера и учесниците активно се вклучуваа во дискусиите и на сензитивни теми. Во текот на обуката беше воспоставена одлична комуникација меѓу учесниците, обучувачите и организаторите во формалниот, но и во неформалниот дел од обуката. Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Неготино и Прилеп, поранешни Центри за поддршка на НВО (Центар за локален развој „АНТИГОНЕА“ Неготино и Фондација за поддршка и развој Прилеп). Дневен ред pp776 neg073
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 5 и 6 јуни 2008 год. во Битола се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници”. Целта на обуката беше учесниците од регионот на Неготино и Прилеп да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници. Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики ја спроведоа обуката.




