| Обука на тема: „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“ |
|
|
На 23 и 24 мај 2008 год. во Маврово се одржа обука на тема „Комуникација, разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“ на која присуствуваа вкупно 28 учесници од Скопје и Тетово. Меѓу учесниците имаше претставници од локалните институции (9) и претставници од невладиниот сектор (19). Обуката ја реализираа Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска- Јовановска. И покрај големиот број на учесници, владееше одлична работна атмосфера во која предвидените содржини се одвиваа непречено. Во текот на првиот ден учесниците се стекнаа со знаења и вештини за ненасилна комуникација, контролиран дијалог и слушање, релативноста на личната перцепција, соочувањето со туѓите предрасуди, разбирањето на конфликтите во едно мултиетничко општество, стравови од конфликти и техниките за соочување со заканувачки ситуации. Во текот на обуката имаше спонтана и ненасилна комуникација меѓу учесниците, иако стануваше збор за теми и вежби во кои беа симулирани разни конфликтни ситуации што се јавуваат во мултиетничко општество. Некои учесници максимално се соживеаја со улогите покажувајќи голема умешност во игрите и на тој начин придонесоа за постигнување значајни резултати и успешна реализација на содржините. ![]() Вториот ден беа опфатени следните теми: посредување во конфликти и посредници, национален идентитет и различности, соочување со разликите, градење на чувство на доверба, комуникациски активности, пропагирање во медиуми и избор на методи за односи со јавноста. Вежбите за запознавање и раздвижување беа прифатени од сите учесници и придонесоа тие полесно да се прилагодат во групата, а оние учесници кои досега присуствувале на слични обуки предлагаа нови игри во кои на задоволство се вклучија и останатите. На тој начин учесниците покажаа високо ниво на синергија. Во рамките на усната оценка беа дадени следните коментари: ...еден од ретките семинари кои ќе ги помнам заради современиот начин на работа, немање место за монотонија и добро сервирани предавања; ...темата е супер, мило ми е што организаторот предложил ваква тема, научив нови вештини; ...многу ефикасно реализирано, ретка шанса да сме вака заедно повеќе организации од различни националности итн. Обуката беше медиумски покриена од бошњачката редакција при МТВ, а истата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности” од Скопје. Дневен ред sk892 tt117
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 23 и 24 мај 2008 год. во Маврово се одржа обука на тема „Комуникација, разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“ на која присуствуваа вкупно 28 учесници од Скопје и Тетово. Меѓу учесниците имаше претставници од локалните институции (9) и претставници од невладиниот сектор (19). Обуката ја реализираа Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска- Јовановска. 





