| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“ |
|
|
На 29 и 30 мај 2008 год. во Охрид се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници”. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници. Вкупно 24 учесници од различна етничка припадност (Македонци, Албанци, Турци, Роми, Египќани и Власи) присуствуваа на обуката.
Во поглед на професионалната ориентација, обуката ја проследија 15
претставници на невладини организации од Ресен, Битола, Охрид и Струга
(од малцински, женски и младински организации) и 9 претставници на
локални институции од Ресен и Струга (советници од општина Ресен и
Струга, претседателот на Советот на општина Струга, наставници од
основни и средни училишта со мултиетнички состав). По воведувањето во поимот децентрализација и неговата примена во македонски услови следуваше практична вежба за предизвиците на децентрализацијата во нашата земја. Се идентификуваа проблемите кои настануваат при пренесување на ингеренциите на локално ниво вклучувајќи ги и средствата кои се алоцираат за таа намена, а заеднички беа разработени и концептите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура и мултикултурализам. За секој од различните модели на решавање конфликти во културно разделени општества обучувачите Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики имаа подготвено презентации со теоретски вовед и адаптација во македонскиот политички систем. На учесниците им беше дадена тема за дискусија која е заснована на проблемите: образование на јазик на малцинските заедници, поделеност на медиуми и културен сектор по етничка/јазична линија. Учесниците искажаа либерални ставови околу овие проблеми, но се сложија со оценката на социологот од примерот која вели дека во Македонија има поделеност на медиумите и културните настани (не се споделуваат вести кои се значајни за повеќе етнички/јазични заедници). Беа предложени и успешно реализирани вежби на различни теми, и тоа: образовна политика, закон за религиозни и етнички празници, етно-културна сегрегација на медиумите, обележување на територија со религиозни симболи и сл. Можни решенија на сплотување кои беа прифатени од групата беа заеднички културни настани, дебати, трибини и јавни дискусии за проблемите кои се јавуваат и со чие решавање може да се постигне мирен соживот.Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Ресен и Струга (Центар за поддршка на заедницата Ресен и Здружение за развој и активизам АКВА од Струга, поранешни Центри за поддршка на НВО). Дневен ред res493 sr935
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 29 и 30 мај 2008 год. во Охрид се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници”. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници. Вкупно 24 учесници од различна етничка припадност (Македонци, Албанци, Турци, Роми, Египќани и Власи) присуствуваа на обуката.
Во поглед на професионалната ориентација, обуката ја проследија 15
претставници на невладини организации од Ресен, Битола, Охрид и Струга
(од малцински, женски и младински организации) и 9 претставници на
локални институции од Ресен и Струга (советници од општина Ресен и
Струга, претседателот на Советот на општина Струга, наставници од
основни и средни училишта со мултиетнички состав). По воведувањето во поимот децентрализација и неговата примена во македонски услови следуваше практична вежба за предизвиците на децентрализацијата во нашата земја. Се идентификуваа проблемите кои настануваат при пренесување на ингеренциите на локално ниво вклучувајќи ги и средствата кои се алоцираат за таа намена, а заеднички беа разработени и концептите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура и мултикултурализам. За секој од различните модели на решавање конфликти во културно разделени општества обучувачите Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики имаа подготвено презентации со теоретски вовед и адаптација во македонскиот политички систем. На учесниците им беше дадена тема за дискусија која е заснована на проблемите: образование на јазик на малцинските заедници, поделеност на медиуми и културен сектор по етничка/јазична линија. Учесниците искажаа либерални ставови околу овие проблеми, но се сложија со оценката на социологот од примерот која вели дека во Македонија има поделеност на медиумите и културните настани (не се споделуваат вести кои се значајни за повеќе етнички/јазични заедници). Беа предложени и успешно реализирани вежби на различни теми, и тоа: образовна политика, закон за религиозни и етнички празници, етно-културна сегрегација на медиумите, обележување на територија со религиозни симболи и сл. Можни решенија на сплотување кои беа прифатени од групата беа заеднички културни настани, дебати, трибини и јавни дискусии за проблемите кои се јавуваат и со чие решавање може да се постигне мирен соживот.




