| Трет модул: Граѓанско учество и развивање на партнерство |
|
|
Во периодот од 3-ти до 6-ти април 2008 год. се спроведе третиот модул од обуката за обучувачи. На овој модул присуствуваа вкупно 13 учесници. Еден од учесниците поради други обврски го откажа натамошното учество во обуката.
Модулот ги опфати следните содржини:-евалуација на обука и известување од обука -што е партиципација? -Фази на развој на партиципација, практики на информирање, консултација и партиципација -елементи на правна рамка за граѓанска партиципација (фокус на локално ниво) -Области на граѓанска партиципација -облици на учество на граѓаните во одлучувањето во оптината -актери на граѓанска партиципација и анализа на заинтересирани групи -што е партнерство во општествениот живот? -Зошто е важно партнерството меѓу секторите? -улога и придонес на секторите кон развој на заедницата -планирање партнерства на локално ниво -евалуација на семинарот Обуката опфати теоретски сегменти и практични вежби за применување на стекнатите знаења и вештини. Учесниците се стекнаа со вештини и знаења за самостојно испорачување обуки на заинтересирани организации и институции кои работат на прашања од сферата на немнозинските етнички заедници. На крајот од третиот модул, проектниот менаџер Сунчица Костовска-Петровска на учесниците им додели потврди за учество во обуката за обучувачи.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Во периодот од 3-ти до 6-ти април 2008 год. се спроведе третиот модул од обуката за обучувачи. На овој модул присуствуваа вкупно 13 учесници. Еден од учесниците поради други обврски го откажа натамошното учество во обуката.
Модулот ги опфати следните содржини:




