spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Јавни дебати arrow Јавна дебата во Гевгелија „Образованието на немнозинските етнички заедници“
Јавна дебата во Гевгелија „Образованието на немнозинските етнички заедници“ Испечати Е-пошта
javna_debata_gevgelija_1.jpgНа 21-ви мај 2008 год. во Гевгелија се одржа  јавна дебата на тема „Образованието на немнозинските етнички заедници”. Целта на јавната дебата беше учесниците да се информираат и запознаат со состојбите во образованието на немнозинските етнички заедници и да се дискутира за проблемите и начините како да се надминат проблемите.
На дебатата беа присутни вкупно 40 претставници (22 претставници од невладини организации и 18 претставници од локалните самоуправи Гевгелија, Валандово и Дојран). Јавната дебата ја модерираше новинарот Тони Аврамов, а воведни излагања за темата имаа Марија Николова и Аџер Иметовска, претставнички од Управата  за унапредување на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование на РМ, Стојан Ташков, претставник од Здружение на Власи од Гевгелија, Сузана Мусли, претставник од здружението „Дерја” од Скопје и Лазе Трајков, член на локалниот мониторинг javna_debata_gevgelija_2.jpgтим на проектот за општините Валандово и Дојран. Во рамките на воведните излагања се зборуваше за јазикот и културата на влашката и турската заедница во образовниот систем (предизвиците и понудените решенија), за историјата и образованието на Власите, за состојбата на турската заедница во образованието и за резултатите од мониторингот на образованието на немнозинските етнички заедници во општините Валандово и Дојран.
Од дебатата произлегоа следните заклучоци: подготовка и печатење на литература на јазиците на немнозинските етнички заедници, континуирана обука на наставен кадар за настава на влашки и турски јазик, реализирање на наставните планови и програми на влашки и турски јазик, образование на женската популација од турска националност, воведување на влашкиот јазик како факултативен во сите основни училишта и изучување на македонскиот јазик од страна на турското население, како и воведување на редовна настава на српски јазик со учебници на српски јазик.
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ја организираше јавната дебата во соработка со локалната канцеларија на проектот во Гевгелија (Регионален центар за одржлив развој, поранешен Центар за поддршка на НВО-Гевгелија).


Дневен ред  

gev375

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB