| Јавна дебата на тема „Подобри можности за ромската заедница во Општина Прилеп“ |
|
|
На 15 мај 2008 год. во Прилеп беше одржана јавна дебата на тема „Подобри можности за ромската заедница во Општина Прилеп”. Учество во дебатата земаа 44 учесници (6 претставници од општина Прилеп, 8 претставници од институции, 17 претставници од НВО и 3 претставници од медиумите). Во рамките на дебатата, присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, кој говореше за залагањата на општината за подобрување на условите за живеење во прилепските ромски населби Тризла 1 и Тризла 2.
Раководителот на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита” Сунчица Костовска - Петровска накратко ги презентираше целите и активностите од проектот. Во понатамошниот тек на дебатата, воведно излагање имаа директорот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање од Прилеп Бранко Нешкоски, Деjан Гаџовски од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ (воедно и претставник на Националниот комитет за човекови насeлби Хабитат) и Ленче Бајкова, советник во секторот за стамбено комунални работи и инфраструктура при Министерството за транспорт и врски на РМ. Тие се осврнаа на генералните и деталните урбанистички планови на градот Прилеп, рационалното користење на просторот, легализацијата на дивоградбите и делот домување од Декадата за вклучување на Ромите. Сами Јашароски од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп и Лидија Котеска, член на локалниот мониторинг тим на проектот дадоа свое видување за проблемите и потребите на ромската заедница во Прилеп, како и улогата и задачите на локалниот мониторинг тим за регионот на Прилеп. Модератор на јавната дебата беше Игор Тасески од Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп. На дебатата се дискутираше за проблемите со кои се соочува ромската заедница во сферата на основното и средното задолжително образование, лошата социјална состојба и социјалната помош, самохраните родители и децата без родители, невработеноста, искористувањето на лицата со посебни потреби од страна на работодавците, ромските информативни центри, потребата од самовработување, здравствената заштита и нејзиното подобрување, недоволната застапеност на Ромите во институциите, подобрувањето на инфраструктурата во ромските населби во Прилеп, придобивките од Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, улогата на невладиниот сектор во надминувањето на состојбите за ромската заедница, како и улогата на советниците од ромска етничка припадност и потребата од вработување на референт за ромски прашања во општината. Препораки од дебатата беа да се побара информација за доследноста во реализацијата на Акциониот план за ромската населба Тризла 2 (што е проектирано, а што реализирано) и да се иницира дополнување на Акциониот план за ромската населба Тризла 2 во соработка со општината. Заклучоците од јавната дебата беа доставени до општина Прилеп како надлежна институција за решавање на овие прашања. Со претставниците од општината беше договорено истата заклучоците да ги проследи до оние институции кои се надлежни за одредени прашања што не спаѓаат во нејзин домен. Види отворено писмо до градоначалникот на општина Прилеп pp776
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 15 мај 2008 год. во Прилеп беше одржана јавна дебата на тема „Подобри можности за ромската заедница во Општина Прилеп”. Учество во дебатата земаа 44 учесници (6 претставници од општина Прилеп, 8 претставници од институции, 17 претставници од НВО и 3 претставници од медиумите). Во рамките на дебатата, присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, кој говореше за залагањата на општината за подобрување на условите за живеење во прилепските ромски населби Тризла 1 и Тризла 2.
Раководителот на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита” Сунчица Костовска - Петровска накратко ги презентираше целите и активностите од проектот. Во понатамошниот тек на дебатата, воведно излагање имаа директорот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање од Прилеп Бранко Нешкоски, Деjан Гаџовски од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ (воедно и претставник на Националниот комитет за човекови насeлби Хабитат) и Ленче Бајкова, советник во секторот за стамбено комунални работи и инфраструктура при Министерството за транспорт и врски на РМ. Тие се осврнаа на генералните и деталните урбанистички планови на градот Прилеп, рационалното користење на просторот, легализацијата на дивоградбите и делот домување од Декадата за вклучување на Ромите. Сами Јашароски од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп и Лидија Котеска, член на локалниот мониторинг тим на проектот дадоа свое видување за проблемите и потребите на ромската заедница во Прилеп, како и улогата и задачите на локалниот мониторинг тим за регионот на Прилеп. Модератор на јавната дебата беше Игор Тасески од Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп. 




