| Работилница на тема „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на општина Куманово“ |
|
|
|
На 12 мај 2008 год. во Куманово се одржа работилница на тема „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на Oпштина Куманово”. Темата на работилницата произлезе од предлозите изнесени на иницијалниот состанок за вмрежување во Куманово, како и проблемите дискутирани на јавната дебата. Целта на тематската работилница беше да се утврдат форми за примена на усвоениот локален акционен план во рамките на Декадата за вклучување на Ромите од сферата на образованиeто, како и да се изнајдат чекори за поголема опфатеност на ромските деца во образовниот систем во соработка со родителите, учениците и наставниците од различна етничка припадност. Вкупно 18 учесници присуствуваа на работилницата, и тоа: 13 претставници на невладини организации, 2 претставници од локалната самоуправа и 3 претставници од институции. Атмосферата во текот на целата работилница беше многу конструктивна, а тоа се должеше на компетентниот состав на учесниците, како и присуството на сите клучни фактори кои се занимаваат со проблематиката – Заменик Народниот правобранител, претставник од Центарот за социјални работи, претставници од Општина Куманово и од образовни институции, како и претставници од невладини организации кои се занимаваат со прашања на образованието на ромската популација. Учесниците ги разгледаа состојбите поврзани со имплементација на Локалниот акционен план за социјална инклузија на Ромите во поглед на вклученоста на ромските деца во образовниот систем. Од работата во групи произлезе редефинирање на приоритетите за периодот 2008 - 2009 година за предшколско и основно образование, средно и високо образование. Редефинираниот акционен план беше доставен до локалната самоуправа со цел негово формално усвојување од страна на Советот на општината. Работилницата ја фасилитираше Марио Вељковиќ заедно со Ерол Адемов, учесник во програмата Обука за обучувачи. Работилницата беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности“ од Скопје. Види извештај за тематската работилница доставен до општина Куманово Дневен ред kum007
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









