| Регионална средба на Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците |
|
|
На 14 мај 2008 година во Кичево се одржа регионална средба на Заменик Народниот правобранител - регионална канцеларија Кичево и комисиите за односи меѓу заедниците од регионот. Целта на средбата беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците од Кичево, Другово, Вранештица, Струга, Дебар и Центар Жупа за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
На средбата учествуваа 17 претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците од Кичево, Другово, Струга, Дебар и Центар Жупа, додека немаше присуство на претставници на Комисијата од Општина Вранештица.Претставниците на комисиите за односи меѓу заедниците говореа за составот на комисиите, работата и проблемите со кои се соочуваат, како и за искуствата на комисиите за решени, делумно решени и отворени прашања од интерес на немнозинските етнички заедници. Потенциран беше несериозниот однос на советите кон комисиите и недоволната запознаеност на членовите на овие комисии со своите права и обврски. Даут Селими, Заменикот Народен правобранител за подрачјето на Кичево се осврна на надлежностите на Народниот правобранител, условите за поднесување претставка и постапување по неа, како и на состојбата со добиени претставки. Притоа, тој нагласи дека од сите добиени претставки во периодот 2005-2008 година само две претставки се однесуваат на кршење на правата на етничките заедници. Како причини за малиот број на поднесени претставки беа наведени неинформираноста на граѓаните и на комисиите за односи меѓу заедниците за постапување по овој вид повреди, како и непостоењето на закон за недискриминација. Ардита Дема, Заменик Извршен директор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РМ (ЗЕЛС) зборуваше за превземените и планираните активности на ЗЕЛС за поддршка и јакнење на капацитетите на комисиите за односи меѓу заедниците и подобрување на нивната комуникација со советите. Институцијата Народен правобранител ирази отвореност за соработка, но откако сите механизми и начини на решавање на проблемите комисиите ќе ги исцрпат во составот на телото кое ги формирало, а тоа е советот на општината. Заеднички заклучок на комисиите беше дека постои потреба од организирање средби во секоја општина на кои, покрај комисијата, би присуствувале и градоначалниците и советите на општините. Врз основа на искажаниот интерес од учесниците и потребата од понатамошна размена на ставови за улогата и надлежностите на комисиите за односи меѓу заедниците, беа организирани работилници во Кичево, Струга и Центар Жупа кои се очекува да придонесат кон подобрување на комуникацијата меѓу советите на општините, комисиите за односи меѓу заедниците и невладините организации. Дневен ред (македонски, shqip, türkçe) kic012 sr935 deb237
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 14 мај 2008 година во Кичево се одржа регионална средба на Заменик Народниот правобранител - регионална канцеларија Кичево и комисиите за односи меѓу заедниците од регионот. Целта на средбата беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците од Кичево, Другово, Вранештица, Струга, Дебар и Центар Жупа за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
На средбата учествуваа 17 претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците од Кичево, Другово, Струга, Дебар и Центар Жупа, додека немаше присуство на претставници на Комисијата од Општина Вранештица.
немнозинските етнички заедници. Потенциран беше несериозниот однос на советите кон комисиите и недоволната запознаеност на членовите на овие комисии со своите права и обврски. 




