|
Кампања за зголемување на свеста за прашањата за правата на малцинствата |
|
|
|
По повод одбележувањето на своето 15-годишно постоење, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) официјално ја започна кампањата „Под исто сонце” во рамките на проектот Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и ФИООМ. Промоцијата беше одржана на 13.11.2007 год. во Детски театарски центар, Скопје.
Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за правата на малцинските групи и да промовира почитување и заштита на малцинствата како крајни корисници на проектот, во согласност со релевантните меѓународни конвенции и со националното законодавство.
Следните промотивни материјали ја сочинуваат кампањата: лого и мото, постери, радио спот и ТВ спот , маици, календари, папки, нотеси и пенкала. Материјалите се дистрибуираат во рамки на активностите во проектот и преку организациите вклучени во спроведувањето.
Кампањата беше промовирана и на националниот НВО саем на штандот на ФИООМ, каде секој посетител имаше можност да се информира и да се снабди со материјали.
Лого и мото на кампањата
|