spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање на мултиетнички пристап за односи со јавноста“
Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање на мултиетнички пристап за односи со јавноста“ Испечати Е-пошта
dsc02287.jpgОбука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста” беше спроведена од 8 до 10 мај 2008 год. во Прилеп од страна на Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска Јовановска. Во обуката учествуваа 4 претставници од институции и 18 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци и Прилеп.
Целта на обуката беше учесниците да стекнат вештини за ненасилна комуникација и начините на разрешување конфликти, за перцепциите како основа за формирање на однесувањето, медијацијата, градењето доверба, националниот идентитет и различностите, различните пристапи за односи со јавноста. За секоја тема беше изведена соодветна практична вежба. Земајќи ја предвид природата на темата, обуката изобилуваше со практични вежби за перцепција, претставување конфликтни ситуации преку играње улоги и групни игри, каде учесниците имаа можност да ја покажат својата креативност и да ја истражат својата перцепција. Учесниците активно се вклучуваа во дискусиите и беа посветени на зададените вежби. Во последниот дел од обуката беа обработени методите за односи со јавноста во мултиетничка средина. Во текот на целата обука беше воспоставена одлична комуникација меѓу сите присутни на обуката.
Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Неготино и Прилеп, поранешни Центри за поддршка на НВО (Центар за локален развој „АНТИГОНЕА“ Неготино и Фондација за поддршка и развој Прилеп).

Дневен ред

neg073 
pp776 
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB