| Jавна дебата „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на општина Куманово“ |
|
|
На 23-ти април 2008 год. беше одржана јавна дебата на тема „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на општина Куманово” која беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности”. Вкупно 40 учесници учествуваа во дебатата: претставници од невладини организации, образовни институции, вработени во локалната самоуправа и членови на Советот на општина Куманово.
Подготовката на дебатата ја потпомогна невладината организација „Дром”од Куманово. Целта на јавната дебата беше да се овозможи размена на мислења и да се идентификуваат алатки за надминување на проблемите со кои се соочуваат ромските деца во областа на образованието. Воведно излагање на дебатата имаа Анифе Демировска, директор на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука, Жика Крстевски, раководител на одделот за образование, култура и физичка култура во општина Куманово, Круме Младеновски, директор на средното училиште „11 Октомври” од Куманово, Мирослава Илиевска, претставник од Центарот за социјална работа во Куманово и Донка Илиевска, претставник од невладината организација „Дром” од Куманово. Од воведните излагања произлезе заклучокот дека постои потреба за имплементација на постоечката законска регулатива која се однесува на образованието. Во однос на бројот на ученици од ромска националност во училиштата, постигнати се одредени подобрувања, но бројот на ромски деца во училишните клупи сеуште не задоволува. Многу ромски деца не се вклучени во образовните процеси, а воочливо е намалување на бројот на децата при преминувањето од 4-то во 5-то одделение или при преминувањето од основно во средно училиште. Присутните се согласија дека е неопходна подобра координација на активностите меѓу невладините организации, локалната самоуправа, децата и министерствата. Покрај тоа, треба да се направат промени во усвоените акциони планови за ромската популација и да се подигне свеста за важноста на оваа тема кај родителите, учениците и наставниците. Предлозите изнесени на оваа јавна дебата беа подетално обработени во рамките на тематска работилница која се одржа во Куманово неполн месец подоцна, а сработеното беше срочено во извештај кој беше доставен до општина Куманово. kum007
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 23-ти април 2008 год. беше одржана јавна дебата на тема „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на општина Куманово” која беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности”. Вкупно 40 учесници учествуваа во дебатата: претставници од невладини организации, образовни институции, вработени во локалната самоуправа и членови на Советот на општина Куманово.
Подготовката на дебатата ја потпомогна невладината организација „Дром”од Куманово. Целта на јавната дебата беше да се овозможи размена на мислења и да се идентификуваат алатки за надминување на проблемите со кои се соочуваат ромските деца во областа на образованието. Воведно излагање на дебатата имаа Анифе Демировска, директор на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука, Жика Крстевски, раководител на одделот за образование, култура и физичка култура во општина Куманово, Круме Младеновски, директор на средното училиште „11 Октомври” од Куманово, Мирослава Илиевска, претставник од Центарот за социјална работа во Куманово и Донка Илиевска, претставник од невладината организација „Дром” од Куманово. 




