| Работилница на тема „Улога, функција и начини за формирање комисија за односи меѓу заедниците “ |
|
|
На 16 ти април 2008 год. во Гевгелија се одржа работилница на тема: „Улога, функција и начини за формирање комисија за односи меѓу заедниците”. Целта на тематската работилница беше учесниците да се запознаат со законската легислатива за формирање комисија за односи меѓу заедниците и практично да го отпочнат процесот на формирање комисии за односи меѓу заедниците во своите општини.
Работилницата ја водеше Сретен Коцески, програмски директор на програмата за зајакнување на капацитетите на комисиите за односи меѓу заедниците во Р.Македонија при Институтот за развој на заедницата - Тетово. На работилницата присуствуваа 23 учесници, 11 претставници од невладини организации и 12 претставници од општините Дојран, Валандово и Гевгелија и беа дефинирани следните проблеми со кои се соочуваат малцинските групи во овој регион: слаба комуникација меѓу припадниците на турската и македонската заедница поради недоволни познавања на македонскиот јазик од страна на припадниците на турската заедница, нискиот степен на образование кај припадниците на турската заедница заради недостаток од основни услови за понатамошно образование, слабата инфраструктура во областите каде живеат припадници од српската заедница, половата нерамноправност кај жените од турска националност, нискиот степен на образование кај децата од турската заедница заради непознавање на македонскиот јазик, несоцијализираност кај децата од турската заедница која произлегува од традиционалното воспитување и непознавање на македонскиот јазик, проблем со слободно декларирање на Ромите и Власите од срам и страв заради постоење на предрасуди. Сите овие проблеми со кои се соочуваат немнозинските етнички заедници се доволен доказ од потребата за формирање комисија за односи меѓу заедниците во општините Гевгелија, Дојран и Валандово која ќе биде запознаена со сите овие проблеми, ќе ги идентификува, ќе врши превенција и ќе ги решава.Откако учесниците на работилницата беа поделени во три групи според општините од каде доаѓаат, тие подготвија стратегија како ќе ја формираат комисијата и кои приоритети ќе ги решаваат. Во тој контекст беа дефинирани следните приоритети: воведување на влашкиот јазик како факултативен предмет во основните училишта (за Гевгелија), зголемување на бројот на часови по македонски јазик заради полесна комуникација и образование кај припадниците од турска националност (за Дојран), почитување и промоција на културата на малцинските групи, изучување на јазиците на малцинските групи, обезбедување квалитетен наставен кадар, обезбедување на финансиски средства за културни манифестации, правична застапеност на припадниците од сите малцински групи (за Валандово). Работилницата ја имплементираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Гевгелија (Регионален центар за одржлив развој во Гевгелија, поранешен Центар за поддршка на НВО - Гевгелија). Како резултат од оваа работилница, после неколку средби и состаноци произлезе иницијатива за доставување барање до општините Гевгелија, Дојран и Валандово за формирање комисија за односи меѓу заедниците. По доставувањето на барањата, формирана е Комисија за односи меѓу заедниците во општина Валандово, а во другите две општини процедурата за формирање комисија е во тек. gev375
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 16 ти април 2008 год. во Гевгелија се одржа работилница на тема: „Улога, функција и начини за формирање комисија за односи меѓу заедниците”. Целта на тематската работилница беше учесниците да се запознаат со законската легислатива за формирање комисија за односи меѓу заедниците и практично да го отпочнат процесот на формирање комисии за односи меѓу заедниците во своите општини.
Работилницата ја водеше Сретен Коцески, програмски директор на програмата за зајакнување на капацитетите на комисиите за односи меѓу заедниците во Р.Македонија при Институтот за развој на заедницата - Тетово. На работилницата присуствуваа 23 учесници, 11 претставници од невладини организации и 12 претставници од општините Дојран, Валандово и Гевгелија и беа дефинирани следните проблеми со кои се соочуваат малцинските групи во овој регион: слаба комуникација меѓу припадниците на турската и македонската заедница поради недоволни познавања на македонскиот јазик од страна на припадниците на турската заедница, нискиот степен на образование кај припадниците на турската заедница заради недостаток од основни услови за понатамошно образование, слабата инфраструктура во областите каде живеат припадници од српската заедница, половата нерамноправност кај жените од турска националност, нискиот степен на образование кај децата од турската заедница заради непознавање на македонскиот јазик, несоцијализираност кај децата од турската заедница која произлегува од традиционалното воспитување и непознавање на македонскиот јазик, проблем со слободно декларирање на Ромите и Власите од срам и страв заради постоење на предрасуди. Сите овие проблеми со кои се соочуваат немнозинските етнички заедници се доволен доказ од потребата за формирање комисија за односи меѓу заедниците во општините Гевгелија, Дојран и Валандово која ќе биде запознаена со сите овие проблеми, ќе ги идентификува, ќе врши превенција и ќе ги решава.




