spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Работилница на тема „Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници“
Работилница на тема „Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници“ Испечати Е-пошта
[english]  [romani]                                     tematska_rabotilnica_delcevo.jpg
На 27-ми и 28-ми март 2008 година во Делчево се одржа работилница на тема „Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници”. Целта на дводневната работилница беше да се дефинираат локалните проблеми и потреби на ромската заедница во регионот во областа на образованието и вработувањето. Овие две теми беа одделно обработени во различни денови за да се овозможи поефективно адресирање на профилирани целни групи надлежни за надминување на проблемите на локално ниво.  Во првиот дел од работилницата на тема образование учествуваа претставници од образовни институции и од локалната власт (вкупно 13), и претставници од невладини организации (11) од Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. Во вториот дел од работилницата на тема вработување учествуваа претставници од локалната власт, подрачните Центри за социјална работа и Агенциите за вработување (вкупно 9), како и претставници од невладиниот сектор (12) од Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. И двата дела од работилницата се одвиваа по следниот принцип на работа: лоцирање на потребите на ромската заедница по општини и подготовка на акциони планови за решавање на истите.
Покрај низа специфични проблеми карактеристични за секоја општина одделно, во сферата на образованието беа дефинирани следните заеднички проблеми за целиот регион: економска немоќ на ромските семејства, недоволна свест кај родителите од ромската популација за едуцирање на своите деца,  стереотипи кај одредени наставници, недоволна комуникација на релација дете-родител-наставник. Како резултат од работилницата беа изработени посебни акциони планови во областа на образованието за општините Делчево, Виница, Пехчево, Берово и Македонска Каменица.
акциони планови на тема вработување за општините Делчево, Виница, Пехчево и Кочани беа изработени исто така, откако беа утврдени следните проблеми во овие четири општини: недостаток од образован кадар и потреба од доквалификација, неинформираност на Ромите за можностите за вработување и незаинтересираност за вклучување на пазарот на трудот, дискриминација од страна на работодавците, нередовно пријавување.
Во текот на работилницата имаше конструктивна расправа меѓу претставниците на невладиниот сектор и претставниците на институциите. Беше заклучено дека е кратко времето за изработка на детален акционен план и дека е корисно на едно место да се слушнат размислувања за проблемите и предлози за нивно надминување од претставници на невладини организации, институции и локалната самоуправа. Во поглед на актуелната ситуација, се дојде до заеднички заклучок за сите општини дека сеуште постои дискриминација за ромската популација, голема сиромаштија и незаинтересираност на Ромите како за образование, така и за вработување. 
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ја имплементираше јавната дебата во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО-Делчево).

Дневен ред

del56vo 
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB