| Јавна дебата во Ресен |
|
|
На 21 март 2008 год. во Ресен се одржa јавна дебата на тема „Заштита на правата на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола” чија цел беше да се поттикне дискусија меѓу претставници од централната и локалната власт, невладини организации и граѓани заради нагласување на потребата од заштитата на правата и потребите на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола. На јавната дебата присуствуваа 22 претставници на невладини организации, 19 претставници на институции, 2 советници од Советот на општина Ресен и 2 новинари.
Вовед во дебатата со 15-минутно излагање дадоа Заменикот Министер за
правда Сашко Василевски и Заменикот Народен правобранител – регионална
канцеларија во Битола Лилјана Илиевска. Сашко Василевски зборуваше за
состојбата на немнозинските етнички заедници во земјата, за усвоените
амандмани и промени на Уставот на Р. Македонија, за законската
регулатива со која се гарантира заштита на правата на немнозинските
етнички заедници и за спроведувањето на Рамковниот договор. Лилјана
Илиевска ја објасни улогата на Народниот правобранител во заштитата на
правата на немнозинските етнички заедници и начинот на поднесување
претставки до Народниот правобранител при прекршување на нивните права.Во понатамошниот тек на дебатата до присутните се обратија претставници од невладиниот сектор. За состојбата на ромската популација во Битола и за случаите на дискриминација на Ромите зборуваше Ерџан Касум, член на НВО „Сонце” од Битола. Образованието, мерките за толеранција, правичната застапеност и состојбата на турската етничка заедница во Ресен беа основните точки на кои се осврна Џемал Мехмед, претседател на ЗОКУС „Нијази Беј” од Ресен. Омер Сулејман од Центарот за развој на граѓанско општество „Виа Вита” од Битола зборуваше за механизмите за заштита на правата на немнозинските етнички заедници. Во дискусијата голем број од учесниците го истакнаа проблемот со недоволната застапеност на немнозинските етнички заедници во институциите и проблемите во образованието, а посебен акцент беше ставен на постоечката дискриминација кон етничките заедници, вработувањето и правните лекови односно процедурите за доставување претставки кај Народниот правобранител. Од дебатата произлезе заклучокот дека постојат проблеми и потреби за заштита на правата на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола, и тоа: дискриминација, мерки за толеранција, образование/јазик и правична застапеност на немнозинските етнички заедници во јавната администрација. Присутните беа детално запознаени со досега ним непознатите процедурите за поднесување претставки до Народниот Правобранител, а граѓаните беа охрабрени од страна на Заменикот Народен правобранител да поднесат претставки за конкретни случаи на дискриминација претставени во текот на дискусијата. На крај се истакна потреба од континуирана комуникација на сите институции, органи, организации и субјекти кои работат во заштита на човековите права и заштита на правата на немнозинските етнички заедници. Дебатата беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Ресен (Центар за поддршка на заедницата Ресен, поранешен Центар за поддршка на НВО). Модератор на јавната дебата беше Роза Јаневска од Центарот за локален развој „Антигонеа“ од Неготино.
res493
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 21 март 2008 год. во Ресен се одржa јавна дебата на тема „Заштита на правата на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола” чија цел беше да се поттикне дискусија меѓу претставници од централната и локалната власт, невладини организации и граѓани заради нагласување на потребата од заштитата на правата и потребите на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола. На јавната дебата присуствуваа 22 претставници на невладини организации, 19 претставници на институции, 2 советници од Советот на општина Ресен и 2 новинари.
Вовед во дебатата со 15-минутно излагање дадоа Заменикот Министер за
правда Сашко Василевски и Заменикот Народен правобранител – регионална
канцеларија во Битола Лилјана Илиевска. Сашко Василевски зборуваше за
состојбата на немнозинските етнички заедници во земјата, за усвоените
амандмани и промени на Уставот на Р. Македонија, за законската
регулатива со која се гарантира заштита на правата на немнозинските
етнички заедници и за спроведувањето на Рамковниот договор. Лилјана
Илиевска ја објасни улогата на Народниот правобранител во заштитата на
правата на немнозинските етнички заедници и начинот на поднесување
претставки до Народниот правобранител при прекршување на нивните права.




