spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Јавни дебати arrow Јавна дебата во Струга „Мултиетничкиот живот – предизвик во образованието”
Јавна дебата во Струга „Мултиетничкиот живот – предизвик во образованието” Испечати Е-пошта
javna_debata_struga.jpg На 10.03.2008 во Струга се одржа јавна дебата на тема „Мултиетничкиот живот – предизвик во образованието”. Целта на јавната дебата беше да се подобри комуникацијата помеѓу засегнатите страни во училиштата, да дојде до намалување на јазот меѓу средношколците по етничка припадност, како и да се овозможи вклучување на сите компетентни лица во решавање на проблемите од ваков карактер. На дебатата учествуваа вкупно 45 учесници (11 претставници од струшки невладини организации, 2 претставници од советите на родители при средните училишта „Нико Нестор” и „Ибрахим Темо”, 2 претставници од комисијата за односи меѓу заедниците, 2 новинари, 3 претставници од општина Струга и 2 претставници од Советот на општината, 4 професори и 19 ученици од средните училишта „Нико Нестор” и „Ибрахим Темо”). Се дискутираше за градењето на мултиетничкиот живот во Струга, конфликтите и нивното надминување кај средношколците, соодветните мерки за решавање на овие проблеми, улогата на советот на општината и на комисијата за односи меѓу заедниците.Вовед и свое видување за темата дадоа Сејфула Хани – претседател на Советот на општина Струга, Анита Жаку и Јасмина Маркоска - психолози во средните училишта „Ибрахим Темо” и „Нико Нестор”, Берат Села и Вишња Дурацовска од советите на родители при средните училишта „Ибрахим Темо” и „Нико Нестор”, Дејан Јовчевски од локалната младинска организација „Галеб”, Адриана Лога од здружението „Граѓанска демократија” и Агим Даути – претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците Струга. Беше констатирано дека сите инволвирани страни можат да го идентификуваат проблемот и дека постои отсуство на одговорност кај сите надлежни.
Следните заклучоци произлегоа од јавната дебата: комуникацијата меѓу страните инволвирани во конфликтот да биде отворен и искрена, да се организираат повеќе слободни активности со ученици од мешан етнички состав (спортски, културни и еколошки настани), да им се помогне на учениците да се соочат со психолошките проблеми, социјалните и педагошките проблеми и на тој начин да се влијае на подигнување на моралната  свест кај нив, да се подобри соработката меѓу семејството, општеството и училиштето, да се подготви програма од страна на училиштата за градење на мултиетничкиот живот која би ја финансирала општина Струга, да се преземат мерки за зголемувањето на безбедноста во двете училишта, да се спроведат дисциплински мерки за ученици кои предизвикуваат конфликти и политиката да не се меша во училиштата.  
Присутните се согласија дека не треба да се дозволи поделбата по етнички смени, туку да се најде заедничко решение за градење на мултиетничкиот живот во Струга. Од страна на учениците беше предложено да се организира работилница каде ќе ги идентификуваат заедничките проблеми и можности за подобрување на комуникацијата и дружењето меѓу средношколците од различните етнички групи. Предложената работилница беше одржана на 3 јули 2008 година.
Дебатата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струга (Здружение за развој и активизам Аква, поранешен Центар за поддршка на НВО Струга).

Дневен ред (македонски , shqip

sr935 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB