| План за обука на обучувачи |
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ ќе организира обука за обучувачи. Целта на обуката за обучувачи е формирање тимови на обучувачи кои ќе спроведуваат обуки од областа на правата на немнозинските етнички заедници, меѓуетнички односи, разрешување на конфликти и медијација, управување со мултиетнички заедници и други релевантни теми.
Обуката за обучувачи ќе се спроведува во три модули, и тоа:Модул 1: Вовед во правата и заштитата на немнозинските етнички заедници и нивно застапување (23-26 февруари 2008) Модул 2: Комуникација, разрешување конфликти и медијација (13-16 март 2008) Модул 3: Граѓанско учество, вмрежување и развивање партнерства во заедницата за заштита на правата на немнозинските етнички заедници (03-06 април 2008). Обуката ќе ја посетуваат 14 претставници од невладини организации, локални и национални институции кои работат со немнозинските етнички заедници. Обуката ќе ја спроведува тим на обучувачки од НВО „Акција Здруженска“.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ ќе организира обука за обучувачи. Целта на обуката за обучувачи е формирање тимови на обучувачи кои ќе спроведуваат обуки од областа на правата на немнозинските етнички заедници, меѓуетнички односи, разрешување на конфликти и медијација, управување со мултиетнички заедници и други релевантни теми.
Обуката за обучувачи ќе се спроведува во три модули, и тоа:




