spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Тематска работилница за презентација на резултатите од извештајот од набљудувањето на локалната администрација - Штип
Тематска работилница за презентација на резултатите од извештајот од набљудувањето на локалната администрација - Штип Испечати Е-пошта
На 28 октомври 2009 год. во просториите на локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО) се одржа тематска работилница за презентација на резултатите од извештајот од набљудувањето на локалната администрација - Штип во периодот од јануари 2008 до јуни 2009. На работилницата учествуваа 14 претставници од институции и невладини организации од Штип. Виолета Ничева, член на локалниот мониторинг тим, ја презентираше методологијата која беше користена при набљудувањето на локалната администрација во периодот од јануари 2008 до јуни 2009, а потоа се осврна на резултатите од набљудувањето на локално ниво. Беше потенцирано кои конкретни институции беа предмет на мониторинг, а се зборуваше и за состојбите во областите на безбедноста, правото на еднаквост, образованието, правичната застапеност, толеранцијата, разбирањето и соработката, социјалните односи и улогата на НВО. Воедно беа дадени препораки за подобрување на состојбите во одредени области.
По презентацијата на резултатите се отвори дискусија за тоа што граѓанскиот сектор може и треба да направи за да се унапреди состојбата на немнозинските етнички заедници. Тематската работилницата беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип.  

sht453

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB