spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Промотивни настани arrow Работилница на тема „Промоција на прирачници” во Гевгелија
Работилница на тема „Промоција на прирачници” во Гевгелија Испечати Е-пошта
promocija_publ_gevgelija_2.jpgНа 28-ми октомври 2009 год. во просториите на локалната канцеларија на проектот (Регионален центар за одржлив развој Гевгелија, поранешен Центар за поддршка на НВО) се одржа работилница за промоција на подготвените и публикувани  изданија во рамки на проектот. На работилницата присуствуваа 22 учесници, 16 претставници од невладини организации и 6 претставници од институции од општините Дојран, Валандово и Гевгелија. Целта на  работилницата беше учесниците да се запознаат со публикуваните изданија: Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во РМ, Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничката припадност и Извештај од набљудувањето на локалната администрација јануари 2008 - јуни 2009 година. Издавачи на овие прирачници се Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и НВО “Заеднички вредности“.
promocija_publ_gevgelija.jpgРаботилницата ја водеше Катица Хаџи-Николова, локален координатор на проектот за регионот на Дојран, Гевгелија и Валандово. Присутните беа запознаени со содржините во прирачниците, а особено внимание привлече Извештајот од набљудувањето на локалната администрација во чии рамки беа мониторирани општините Валандово и Дојран. На работилницата имаше дискусија за тоа колку припадниците од турската националност се дискриминирани во општините Валандово и Дојран и колку новоформираните комисии за односи меѓу заедниците знаат како да функционираат и да ги решаваат проблемите на етничките заедници. Припадниците од турската националност се претежно дискриминирани во два главни општествени сегменти: кога бараат информации од локалната администрација и кога бараат вработување.

gev375

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB