spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Промотивни настани arrow Работилница за промоција на публикации во Неготино
Работилница за промоција на публикации во Неготино Испечати Е-пошта
promocija_publikacii_negotino.jpgРаботилница „Промоција на публикации” се одржа на 28 октомври 2009 год. во Неготино за 15 претставници од невладини организации и 4 претставници од локални институции од Неготино и Кавадарци. Целта на работилницата беше да се промовираат и дистрибуираат Прирачникот за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност, Водичот за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во РМ и Извештајот од набљудувањето на локалната администрација јануари 2008 - јуни 2009 како изданија кои имаат значителен придонес за заштита на правата на немнозинските етнички заедници. Откако беа промовирани споменатите публикации, на работилницата се дискутираше за реализираните активности и остварените резултати од проектот на регионално ниво. Учесниците особено го истакнаа значењето на програмата за обуки која мошне придонесе во јакнењето на нивните капацитети, не занемарувајќи ги секако и останатите активности. Како резултат на успешно спроведените активности беше споменато и ангажирањето на референт за ромски прашања во Општина Кавадарци.
Генерален заклучок од дискусијата беше дека и понатаму постои потреба од активности за унапредување на правата на немнозинските етнички заедници и во двете општини, како што досега беше практикувано во рамките на проектните активности.
Работилницата беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Неготино, поранешен Центар за поддршка на НВО (Центар за локален развој „АНТИГОНЕА“ Неготино)

neg073

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB