spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Последователна работилница во Кичево Испечати Е-пошта
temrabkicevo.jpgНа 18 јуни 2008 година во Кичево се одржа работилница на тема „Улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците и нејзиниот придонес во унапредување на меѓуетничката доверба и толеранција во Кичево“. Во тематската работилница учествуваа вкупно 19 претставници од институции и невладини организации, меѓу нив 3 членови на Комисијата за односи меѓу заедниците од Кичево, 7 членови на Советот на Општина Кичево, 1 претставник од Општина Кичево и 9 претставници од невладини организации кои работат на малцински прашања. На работилницата се дискутираше за причините за недоволната соработка и комуникација меѓу советниците и членовите на комисијата за односи меѓу заедниците, општината и невладините организации, како и за надминувањето на овие проблеми. Покрај тоа, се разговараше и за одредбите во Законот за локална самоуправа и потребата од попрецизно дефинирање на rabkicevo.jpgингеренциите на комисијата за односи меѓу заедниците
Се разјаснија улогите на комисијата за односи меѓу заедниците, советот на општината и невладините организации, се зборуваше за потребата од поблиска соработка меѓу комисијата и советот во решавањето на клучни прашања околу мултиетничкиот живот во Кичево, како и за потребата од почести средби на комисијата и невладините организации заради адресирање на проблемите на заедниците и нивно институционално решавање.
Тематската работилница ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Кичево (Центар за развој на заедницата Кичево, поранешен Центар за поддршка на НВО Кичево).
Како резултат од тематската работилница во Кичево, подобрена е соработката меѓу Комисијата за односи меѓу заедниците и Советот на Општината. Имено, комисијата одржа состанок со претставник од ромска невладина организација, во чии рамки беа донесени препораки по однос на барањето на ромските невладини организации поднесено до комисијата. Препораките беа доставени до советот на општината, и по истите расправаше советот на општината.

Дневен ред (македонски, shqip)

kic012
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB