| Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување” во Битола |
|
|
Од 16-ти до 17-ти октомври 2009 год во Битола се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување“ чија главна цел беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за процесите на градење партнерства и мрежи/коалиции. Обуката ја следеше група од вкупно 15 учесници од Штип, Битола, Крива Паланка, Кратово и Куманово, меѓу кои 7 беа претставници од институции, а 8 претставници од невладини организации. Обучувачи беа Мандика Нича, Марија Николова и Мујо Скендеровиќ - учесници во Обуката за обучувачи која беше реализирана во рамки на проектот.
Преку интерактивен пристап предавачите го објаснија поимот партнерство, принципите на соработка, предностите и недостатоците на партнерството. Учесниците беа воведени во процесот на меѓусекторско партнерство и соработката меѓу трите сектори: јавниот, деловниот и цивилниот сектор. Во текот на вториот ден беше разработен поимот мрежа/коалиција. Учесниците изработија листа на ресурси и способности на членките во мрежата и работејќи во групи изготвија план за акција на една мрежа/коалиција. Учесниците беа многу посветени во извршувањето на задачите и одлично ги прифатија обучувачите, пред сè заради пријатната работна атмосфера која им овозможи да се прилагодат на темата и активно да учествуваат во изведбата на вежбите. Обуката ја организираше ФИООМ во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). sht453 kr356 kum007
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Од 16-ти до 17-ти октомври 2009 год во Битола се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување“ чија главна цел беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за процесите на градење партнерства и мрежи/коалиции. Обуката ја следеше група од вкупно 15 учесници од Штип, Битола, Крива Паланка, Кратово и Куманово, меѓу кои 7 беа претставници од институции, а 8 претставници од невладини организации. Обучувачи беа Мандика Нича, Марија Николова и Мујо Скендеровиќ - учесници во
трите сектори: јавниот, деловниот и цивилниот сектор. Во текот на вториот ден беше разработен поимот мрежа/коалиција. Учесниците изработија листа на ресурси и способности на членките во мрежата и работејќи во групи изготвија план за акција на една мрежа/коалиција. 




