| Работилница за промоција на прирачник за отстранување на дискриминацијата во Штип |
|
|
На 13 октомври 2009 год. во Штип, се одржа работилница за промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“, подготвен од Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски. Работилницата за промоција на прирачникот беше организирана од ФИООМ во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО).
На работилницата учествуваа 19 претставници од институции и невладини организации од Штип. Откако модераторот Борис Шарковски ја отвори работилницата, координаторот на проектот Адријана Трендова даде краток вовед во компонентата Лобирање, застапување и зголемување на јавната свест, а зборуваше и за останатите активности од проектот. Повеќе за прирачникот зборуваше ко-авторот Сашко Тодоровски, осврнувајќи се на тоа што е дискриминација и нејзините суптилни форми на појава. Референтот за решавање прашања на заедниците, Ерол Адемов, зборуваше за активностите кои општината ги превзема во насока на подобрување на квалитетот на живеење на заедниците во општината, а подетално се осврна на активностите на општината во рамките на Декадата на Ромите. Претставникот од Здружението за правата на Ромите, Бирџан Мемедов, во своето излагање истакна дека дискриминацијата е присутна, особено кај ромската етничка заедница. Присуството на работилницата во последен момент го откажа заменикот на Народниот правобранител од регионалната канцеларија во Штип, Рајна Панова. Излагањата на воведничарите поттикнаа дискусија, која најмногу се концентрираше на двојната дискриминација врз основа на етничка припадност и врз основа на пол. Но исто така се дискутираше и за активностите што општината ги превзема за да се подобри квалитетот на живеење на немнозинските етнички заедници, особено на ромската заедница. sht453
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 13 октомври 2009 год. во Штип, се одржа работилница за промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“, подготвен од Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски. Работилницата за промоција на прирачникот беше организирана од ФИООМ во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО).
На работилницата учествуваа 19 претставници од институции и невладини организации од Штип. Откако модераторот Борис Шарковски ја отвори работилницата, координаторот на проектот Адријана Трендова даде краток вовед во компонентата Лобирање, застапување и зголемување на јавната свест, а зборуваше и за останатите активности од проектот. Повеќе за прирачникот зборуваше ко-авторот Сашко Тодоровски, осврнувајќи се на тоа што е дискриминација и нејзините суптилни форми на појава. Референтот за решавање прашања на заедниците, Ерол Адемов, зборуваше за активностите кои општината ги превзема во насока на подобрување на квалитетот на живеење на заедниците во општината, а подетално се осврна на активностите на општината во рамките на Декадата на Ромите. Претставникот од Здружението за правата на Ромите, Бирџан Мемедов, во своето излагање истакна дека дискриминацијата е присутна, особено кај ромската етничка заедница. 




