spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Мониторинг на локалната администрација arrow Прес конференции arrow Конференција за печат „Кон толерантни општини- Долнени, Крушево и Прилеп“
Конференција за печат „Кон толерантни општини- Долнени, Крушево и Прилеп“ Испечати Е-пошта
9001.jpgВо просториите на Фондацијата за поддршка и равој Прилеп, која воедно е и локална канцеларија на проектот, на 28.10.2009 година во 16:00 часот се одржа конференцијата за печат на тема „Кон толерантни општини“. Конференцијата беше организирана на крајот од проектот по повод објавувањето на извештајот од набљудувањето на локалната администрација. Членовите на локалниот мониторинг тим ги информираа медиумите за нивната работа во периодот меѓу јануари 2008 и јуни 2009 год. На конференцијата за печат беа присутни 4 новинари што ги застапуваат следните медиуми: локалниот неделен информативен весник „Зенит“, локалната ТВ „Канал Визија“, часописот „Деница“, регионалната телевизија ТВ „Тера“, „Македонско Радио“, македонската информативна агенција „МИА“.
Пред претставниците од локалните медиуми беа изнесени основната цел на проектот, трите компоненти на реализација, со посебен акцент на компонентата „Набљудување на локалната администрација“ преку областите и резултатите од  мониторирањето на локалниот мониторинг тим во општините Долнени, Крушево и Прилеп. 
Реализацијата на оваа компонента во овие општини ја спроведоа и за резултатите говореа Сабахета Мерсими (Долнени), Нина Наумоска (Крушево) и Лидија Котеска (Прилеп). Конференцијата за печат ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, а ја водеше локалниот координатор за прилепскиот и крушевскиот регион Александар Рибароски.
Информации за прес конференцијата  пренесe ТВ „Канал Визија“ во информативната програма Вести.

pp776

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB