spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Извештај од конференција за печат за резултати од мониторинг во Велес Испечати Е-пошта
img_4477.jpgКонференција за печат се одржа на 28 октомври 2009 година во просториите на локалната канцеларија на проектот во Велес (Фондација за локален развој и демократија „Фокус”) со цел да се презентираат наодите од 18-месечното следење на локалните администрации во Велес и Чашка. На конференцијата за печат присуствуваа вкупно 12 учесници, меѓу кои 7 претставници на 4 локални медиуми и 5 активисти на невладини организации. На присутните новинари и претставници од невладини организации им беше поделен и Извештајот од набљудувањето на локалната администрација јануари 2008 - јуни 2009 година кој ги содржи сите позитивни и негативни студии на случај на локално и национално ниво, како и препораки за надминување на проблемите.
На почетокот беа објаснети фазите низ кои поминуваше проектот, начинот на кој работеа локалните мониторинг тимови и областите кои беа предмет на нивното набљудување (безбедност, право на еднаквост, образование, толеранција, разбирање и соработка, социјални односи и улога на граѓанските организации). Славица Ќучукова-Николова, член на локалниот мониторинг тим за општините Велес и Чашка детално ги презентираше резултатите од спроведениот мониторинг во двете општини истакнувајќи ги пред сè големите пропусти во образованието, но и недоволната застапеност на припадничките на етничките заедници во управувачките структури.
По презентирањето на наодите беше отворен простор за дискусија и прашања, во чии рамки се дебатираше по произнесената информација дека Општина Велес на следната седница ќе формира комисија за односи меѓу заедниците. Присутните ги интересираше кој и по која основа може да членува во комисијата на што им беше речено дека одговор треба да побараат од Советот на општината во чија надлежност е формирањето на комисијата. 

ve983

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB