| Обука на тема „Основи на човековите права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ” во Маврово |
|
|
На 3 и 4 октомври 2009 година во Маврово се одржа обука на тема „Основи на човековите права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ”. Целта на обуката беше да се укаже на реалната потреба и придобивка од познавањето на човековите права, како и механизмите и инструментите за заштита на истите. На обуката присуствуваа 5 претставници од локални институции и 21 претставник од невладиниот сектор од регионот на Скопје и Тетово.
Обуката ја реализираа Арбереша Влаши, Севаљ Бахтијар и Сеад Исмаил - учесници во Обуката за обучувачи , која е активност на проектот. Во рамките на работните сесии беа обработени различни теми поврзани со човековите права за да може истите да се разликуваат како граѓански и политички, економски, културни, социјални и колективни права. Со големо учество и вклученост на сите учесници се дебатираше за директната, индиректната и позитивната дискриминација, но и за другите специфични облици на дискриминацијата. Во текот на обуката се разговараше и за терминот малцинство, загарантираните малцински права во РМ и меѓународните инструменти за заштита на ООН, Советот на Европа, ОБСЕ и Европската Унија. Исто така, на учесниците им беше понуден практичен модел за тоа како и на кој начин функционира Бадентеровиот принцип (начинот на гласање, исходот од гласањето и учеството во одлучувањето). Учесниците активно се вклучија во дискусијата за правото на слободно изразување на националната припадност, правото на соодветна и правична застапеност на припадниците на сите заедници во органите на државната власт и други јавни институции, слободата на изразување на идентитетот, правото на употреба на симболите на својата заедница, правото на основање културни и уметнички институции и здруженија, правото на основање образовни институции, правото на настава на свој јазик и употребата на мајчиниот јазик како службен.Обуката се спроведе во позитивна атмосфера за работа, со голема посветеност од страна на учесниците. За време на дискусиите беа изнесувани различни ставови, без конфликти и негодувања во групата. Во завршната евалвација учесниците наведоа дека темите се директно насочени кон подобрувањето на квалитетот на живеење на немнозинските етнички заедници. Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и невладината организација „Заеднички вредности” од Скопје. tt117 sk892
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 3 и 4 октомври 2009 година во Маврово се одржа обука на тема „Основи на човековите права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ”. Целта на обуката беше да се укаже на реалната потреба и придобивка од познавањето на човековите права, како и механизмите и инструментите за заштита на истите. На обуката присуствуваа 5 претставници од локални институции и 21 претставник од невладиниот сектор од регионот на Скопје и Тетово.
Обуката ја реализираа Арбереша Влаши, Севаљ Бахтијар и Сеад Исмаил - учесници во
другите специфични облици на дискриминацијата. Во текот на обуката се разговараше и за терминот малцинство, загарантираните малцински права во РМ и меѓународните инструменти за заштита на ООН, Советот на Европа, ОБСЕ и Европската Унија. Исто така, на учесниците им беше понуден практичен модел за тоа како и на кој начин функционира Бадентеровиот принцип (начинот на гласање, исходот од гласањето и учеството во одлучувањето). Учесниците активно се вклучија во дискусијата за правото на слободно изразување на националната припадност, правото на соодветна и правична застапеност на припадниците на сите заедници во органите на државната власт и други јавни институции, слободата на изразување на идентитетот, правото на употреба на симболите на својата заедница, правото на основање културни и уметнички институции и здруженија, правото на основање образовни институции, правото на настава на свој јазик и употребата на мајчиниот јазик како службен.




