| Обука „Основи на човекови права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ” во Велес |
|
|
Обука на тема „Основи на човекови права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во Република Македонија” се одржа на 3-ти и 4-ти октомври 2009 год. во Велес. Учесници на обуката беа претставници од невладини организации, училишта и општини. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за поимот човекови права, како и со механизмите и инструментите за нивно остварување.
Обуката ги содржеше следните теми: дефинирање и класификација на човековите права, дискриминација, механизми и инструменти за остварување на правата на немнозинските етнички заедници во Република Македонија. Обучувачи беа Елизабета Ристеска и Даниела Јаневска - учесници на Обуката за обучувачи во рамките на проектот. Беа користени различни методи на работа: вежби, презентации, предавања, дискусии и групна работа. Учесниците работеа заеднички во мешан етнички состав и учествуваа во вежбите со голем интерес, иако беа на различна возраст, со различно занимање и со различни претходни познавања за темата. Особено беа интересни дискусиите на тема „Кој народ во Македонија има повеќе права” и коментарите од предложените вежби во врска со тоа кој какво право има и дали истото го остварува. Учесниците презентираа неколку вистинити примери за прекршување на човековите права од своите градови врз основа на етничка припадност и верски разлики кои се должат на стереотипи или пренесена традиција.Од обработката на прашалниците поделени по завршувањето на предавањата, може да се заклучи дека учесниците беа многу задоволни од обуката. Тие имаа пофални зборови за предавачите и се заинтересирани за учество на повеќе обуки од ваков тип. На обуката присуствуваа учесници од Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Виница и Кочани (15 претставници на невладини организации, 1 новинар и 5 претставници на институции). Обуката ja организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО). del56vo
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Обука на тема „Основи на човекови права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во Република Македонија” се одржа на 3-ти и 4-ти октомври 2009 год. во Велес. Учесници на обуката беа претставници од невладини организации, училишта и општини. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за поимот човекови права, како и со механизмите и инструментите за нивно остварување.
Обуката ги содржеше следните теми: дефинирање и класификација на човековите права, дискриминација, механизми и инструменти за остварување на правата на немнозинските етнички заедници во Република Македонија. Обучувачи беа Елизабета Ристеска и Даниела Јаневска - учесници на
мешан етнички состав и учествуваа во вежбите со голем интерес, иако беа на различна возраст, со различно занимање и со различни претходни познавања за темата. Особено беа интересни дискусиите на тема „Кој народ во Македонија има повеќе права” и коментарите од предложените вежби во врска со тоа кој какво право има и дали истото го остварува. Учесниците презентираа неколку вистинити примери за прекршување на човековите права од своите градови врз основа на етничка припадност и верски разлики кои се должат на стереотипи или пренесена традиција.




