spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста” во Струга Испечати Е-пошта
foto_komunikacii_resen_4.jpgОбука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста” се одржа од 27 до 28 септември 2009 год. во Струга. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и комуникациски вештини, разбирање на конфликтите во мултиетничко општество како и со вештини за мултиетнички пристап за односи со јавноста. Ерол Адемов, Севаљ Бахтијар и Сеад Исмаил, учесници во програмата Обука за обучувачи , ја спроведоа обуката пред вкупно 23 учесници (17 претставници на невладини организации и 6 претставници на локални институции од Ресен,  Струмица и Струга). Во текот на првиот ден од обуката учесниците беа воведени во поимот ненасилна комуникација како основа за градење мултиетнички односи, по што следуваше практичната вежба „Што ми се допаѓа / не ми се допаѓа во комуникацијата со другите”. Потоа се разгледуваа отворени и затворени прашања со практични вежби за контролиран дијалог, активно слушање, перцепции и предрасуди, а се даде посебен осврт на сопствените и туѓите предрасуди и нивната поврзаност со дискриминацијата. Во текот на првиот работен ден се продолжи со темата предрасуди и стереотипи кон припадниците на foto_komunikacii_resen_3.jpgзаедниците, разбирањето на конфликтите во мултиетничко општество. На крајот беше објаснет процесот на креативна разработка на конфликтите преку намалување на стравот од конфликтите, јакнење на самодовербата/односот кон стравот и техниките на соочување со заканувачки ситуации.
Вториот ден започна со поимот медијација – основни техники, улога на медијаторот и фази на медијацискиот процес, а предавањето беше дополнето со една практична вежба во која учесниците максимално се соживеаја во своите улоги. По оваа интересна игра беа обработени следниве области: национален идентитет, изградба на доверба во мултиетничко општество и пристапи на односи со јавноста во мултиетнички средини. На крајот од вториот работен ден обуката беше затворена со завршна усна евалвација во чии рамки учесниците дадоа  позитивно мислење за обуката и обучувачите во целина.
Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Ресен, Струмица и Струга (Центар за поддршка на заедницата Ресен, Центар за одржлив развој ПОРТА - Струмица и Здружение за развој и активизам „АКВА“ - Струга, поранешни Центри за поддршка на НВО).

Дневен ред

sr935

str888

res493

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB