spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Креирање на јавни младински политики” во Струга Испечати Е-пошта
seminar_struga_3.jpgОбука „Креирање на јавни младински политики” за учесници од регионот на Неготино и Кичево се одржа на 25 и 26 септември 2009 год. во Струга. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за креирање на јавни младински политики. Елизабета Ристеска, Даниела Јаневска и Димче Велев, кои учестуваа во програмата Обука за обучувачи самостојно ја спроведоа обуката за 8 претставници од локални институции и 15 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци, Кичево и Вранештица. Содржинскиот дел на обуката ги отсликуваше следните теми, обработени во одделни сесии: вовед во јавна политика, клучни карактеристики на јавни политики, актери на јавни политики, постоечки политики во Р. Македонија, методи и техники на seminar_struga_1.jpgкреирање јавни политики, вмрежување при креирање јавни политики, претпоставки и предуслови за имплементација (човекови ресурси и капацитети). За време на обуката владееше многу позитивна атмосфера за работа. Учесниците активно се вклучуваа во дискусиите и дадоа свој придонес со дебатирање на одредени прашања. Се воспостави одлична комуникација помеѓу сите присутни, а обучувачите покажаа сериозен пристап кон обуката. Тие со внимание и високо ниво на одговорност ги реализираа предвидените теми и вежби.
Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Неготино и Кичево, поранешни Центри за поддршка на НВО (Центар за локален развој „АНТИГОНЕА“ Неготино и Центар за развој на заедницата Кичево).

Дневен ред

neg073

kic012

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB