| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Велес |
|
|
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 17 и 18 септември 2009 година во Велес. Потребата да се организирa оваa дополнителна обука за регионите на Гевгелија и Прилеп произлезе од податоците собрани при интерната евалвација на проектот спроведена преку прашалници и фокус групи. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начинот на управување со мултиетнички заедници.
На обуката беа присутни 26 претставници од општините Гевгелија,
Валандово, Прилеп, Долнени и Крушево, и тоа: 7 претставници на совети
на општини, 2 претставници на комисии за односи меѓу заедниците, 15
претставници на невладини организации, 1 претставник од институција и 1
новинар. Обуката опфаќаше теорија за децентрализацијата, практични примери и вежби. Освен предавања, имаше и дискусии на следните теми: колку општините ги почитуваат законските акти на локално ниво, каква е соработката меѓу општините и Владата, дали граѓаните се вклучени во работата на единиците на локалната самоуправа, кои се надлежностите на советот на општината и градоначалникот, какви се традиционалните обележја на етничките заедници и кои се разликите помеѓу интегративниот систем и консоцијализмот.Обуката се реализираше во пријатна атмосфера, при што учесниците беа активни, заинтересирани и креативни, целосно посветени на содржините. Тие беа многу задоволни од организирањето на обуката, а дадоа предлог и понатаму да се продолжи со организирање на вакви обуки во сите општини. Обуката ја спроведоа Димче Велев и Ерол Адемов, учесници на Обуката за обучувачи организирана во рамки на проектот. Тие се покажаа како професионалци за темите кои ги предаваа на големо задоволство на учесниците кои се здобија со многу информации и знаења. Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Гевгелија и Прилеп (Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија и Фондација за поддршка и развој – Прилеп, поранешни Центри за поддршка на НВО). gev375 pp776
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 17 и 18 септември 2009 година во Велес. Потребата да се организирa оваa дополнителна обука за регионите на Гевгелија и Прилеп произлезе од податоците собрани при интерната евалвација на проектот спроведена преку прашалници и фокус групи. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начинот на управување со мултиетнички заедници.
На обуката беа присутни 26 претставници од општините Гевгелија,
Валандово, Прилеп, Долнени и Крушево, и тоа: 7 претставници на совети
на општини, 2 претставници на комисии за односи меѓу заедниците, 15
претставници на невладини организации, 1 претставник од институција и 1
новинар. Обуката опфаќаше теорија за децентрализацијата, практични примери и вежби. Освен предавања, имаше и дискусии на следните теми: колку општините ги почитуваат законските акти на локално ниво, каква е соработката меѓу општините и Владата, дали граѓаните се вклучени во работата на единиците на
локалната самоуправа, кои се надлежностите на советот на општината и градоначалникот, какви се традиционалните обележја на етничките заедници и кои се разликите помеѓу интегративниот систем и консоцијализмот.




