| Обука на тема „Јавно застапување и лобирање” во Маврово |
|
|
Во периодот од 2-ри до 3-ти октомври 2009 год. во Маврово, се одржа обука на тема „Јавно застапување и лобирање”. Обуката ја следеа 30 учесници од Велес, Дебар, Градско, Лозово, Центар Жупа и Чашка, и тоа: 23 претставници од невладини организации, 4 од единиците на локалната самоуправа, 3 од институции и 1 новинар. Мултиетничкиот состав на обуката беше изразен преку учество на припадници од различни етнички заедници: 15 Македонци, 9 Албанци, 3 Роми, 2 Турци , 1 Влав и 1 Македонец Mуслиман. Обуката ја спроведоа Мујо Скендеровиќ, Мандика Нича и Ерол Адемов, кои успешно ја завршија Обуката за обучувачи во рамките на проектот.
Главна цел на обуката беше учесниците да се запознаат со поимот и процесот на јавното застапување и комуникација од аспект на јавното застапување, но и да стекнат продлабочени знаења од процесот на лобирање. Обуката се одвиваше во неколку сесии според утврдениот дизајн за дводневна програма за работа. По формалниот дел на запознавање, претставување на целите и правилата, поимот за јавно застапување беше воведен преку вежба - бура на идеи и дискусија со цел да се разбере потеклото на зборот “advocacy”. Преку интерактивна презентација учесниците беа воведени во поимот јавно застапување како процес – јавен и демократски, насочен кон носителите на одлуки за решавање на спорно прашање за да се постигне општествена промена. Во рамките на сесиите беа претставени три вида активности во процесот на јавно застапување: застапување, мобилизација и зајакнување, како и три клучни актери во процесот: корисници, застапници и носители на одлуки. Во понатамошниот тек беа претставени чекорите во јавното застапување и се дискутираше за нивниот редослед. Беше истакната целната публика во јавното застапување односно креаторите на политика врз кои се обидуваме да влијаеме за да ги убедиме да ја поддржат нашата цел т.е. парламентарци, членови на одбори, локални службеници, службеници во министерства.На обуката беше разработена и темата комуникација - запознавање со поимот, видови комуникација, вербална и невербална комуникација - канали на комуникација и критериуми за избор на канали на комуникација, техники на комуникација, меѓу кои техника на активно слушање и моделот на стратешка комуникација. Исто така беше разработен поимот за лобирање и се дискутираше за формите на лобирањето. Учесниците на крајот преку вежба „куфер на искуства“ ги прикажаа своите искуства од дводневната обука, кои во глобала беа позитивни. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Велес и Дебар (Фондација за локален развој и демократија „Фокус” од Велес и Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО). ve983 deb237
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Во периодот од 2-ри до 3-ти октомври 2009 год. во Маврово, се одржа обука на тема „Јавно застапување и лобирање”. Обуката ја следеа 30 учесници од Велес, Дебар, Градско, Лозово, Центар Жупа и Чашка, и тоа: 23 претставници од невладини организации, 4 од единиците на локалната самоуправа, 3 од институции и 1 новинар. Мултиетничкиот состав на обуката беше изразен преку учество на припадници од различни етнички заедници: 15 Македонци, 9 Албанци, 3 Роми, 2 Турци , 1 Влав и 1 Македонец Mуслиман. Обуката ја спроведоа Мујо Скендеровиќ, Мандика Нича и Ерол Адемов, кои успешно ја завршија
во јавното застапување и се дискутираше за нивниот редослед. Беше истакната целната публика во јавното застапување односно креаторите на политика врз кои се обидуваме да влијаеме за да ги убедиме да ја поддржат нашата цел т.е. парламентарци, членови на одбори, локални службеници, службеници во министерства.




