|
Kонференција „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини” |
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и здружението „Заеднички вредности” организираат завршна конференција на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита” која ќе се одржи на 22 октомври (четврток) 2009 година во хотел „Холидеј Ин”, сала Милениум 1, со почеток во 10 часот.
Настанот ќе го отворат Н.Е. Ерван Фуере, шефот на Делегацијата на Европската комисија и специјален претставник на Европската Унија во Македонија, Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ и Хајрије Ахмед, Претседател на здружението „Заеднички вредности” од Скопје.
На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од набљудувањето на
локалната администрација, кое беше спроведено од јануари 2008 до јуни
2009 година во 24 општини од страна на 12 тимови за набљудување.
Дискусијата за предизвиците за Македонија на патот кон толерантно
општество ќе се надоврзе на воведните излагања од експерти предвидени
во вториот дел на конференцијата, со цел да се дадат препораки за
подобрување на состојбата на немнозинските етнички заедници и
меѓуетничките односи во Македонија.
|