spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Регионална работилница за формирање на координативно тело на мрежата на влашките здруженија во РМ Испечати Е-пошта
sliki_bitola_25-26_septemvri_2009_035.jpgРаботилница на тема „Формирање на координативно тело на мрежата на влашките невладини организации во Република Македонија” се одржа на 25-ти и 26-ти  септември 2009 год. во Битола.
На работилницата присуствуваа 28 претставници од влашки здруженија во Македонија, претставник од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците при Министерството за образование и наука, претставник од Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во РМ при Министерството за култура, како и екипа на влашката редакција при МТВ. Учесниците го  усвоија документот „Стратегија за јазикот и културата на Власите во РМ” со дополнување во областа на организацискиот развој и институционалниот развој на здруженијата од влашката заедница.
На работилницата беше избрано координативно тело на мрежата на влашки невладини организации во чиј состав ќе функционираат три оперативни групи: за образование/јазик, за култура и за организациски развој и институционално јакнење.
sliki_bitola_25-26_septemvri_2009_040.jpgЗа членови на координативното тело се избрани следните лица: Марија Николова од Министерството за образование на РМ, Агапи Чунковска од организацијата „Никола Бацарија“ од Крушево, Марија Палигора од „Комуна Браќа Манаки“ од Битола, Коста Галиманоски од „Јанчица“ од Кичево, Горан Костов од Унијата за култура на Власите од Македонија, Нако Николоски од „Халчо Брова“ од Куманово и Даниела Ѓорѓиева од Советот на млади Власи од Македонија.
Сите присутни учесници го поздравија формирањето на мрежата и координативното тело во насока на сплотеност на влашките здруженија. Тие нагласија дека подготовката на една ваква стратегија и нејзината реализација е од интерес на целокупната влашка заедница која живее во Република Македонија. Предлог-верзија на споменатата стратегија беше подготвена на првата работилница за влашки здруженија која се одржа во рамките на проектот во ноември 2008 година.
Работилницата, која беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со здружението „Заеднички вредности” од Скопје, ја водеше Марио Вељковиќ.

Дневен ред

Документи кои се резултат од работилницата (Деловник за работа на собранието Мрежата на граѓанските здруженија на Власите од РМ , Правилник за работа на координативно тело на мрежата , предлог-програма за работа на мрежата за 2010 година , органограм на мрежата )

sk892
sht453
kum007
res493
pp776
kic012
sr935
gev375  

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB