spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Промовирана публикација Испечати Е-пошта
Промовирана публикацијата
Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и НВО „Заеднички вредности“ од Скопје ја објавија публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“. Оваа публикација е дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” и беше промовирана на вториот мултиетнички хепенинг во Струга на 4-ти јули 2009 година.

Водичот има за цел да ги запознае граѓаните – припадници на немнозинските етнички заедници со облиците на употреба на мајчиниот јазик во институциите на локално и национално ниво.
Во водичот авторот Дарко Јаневски се обидува на едноставен и разбирлив начин да ја претстави правната рамка за употребата на јазиците на етничките заедници во различни сфери на општественото живеење. Имајќи ја предвид целната група на оваа публикација, идејата е читателите преку неа да ги дознаат правата (на граѓаните) и обврските (на власта) поврзани со употребата на јазиците во Република Македонија.
Водичот за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија е преведен на вкупно 8 јазици (македонски, албански, влашки, ромски, српски, бошњачки, турски и англиски).

vodic_makedonski_korica.jpg
Преземете го водичот, македонска верзија
Во делот публикувани материјали може да ги преземете и останатите верзии

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB