|
Работилница за промоција на прирачник за отстранување на дискриминацијата во Велес |
|
|
Работилница за промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“ се одржува на 5 октомври 2009 год. (понеделник) со почеток во 16.30 часот, во ресторан „Снупи“ во Велес. Автор на прирачникот е Мирјана Најчевска, ко-автор Сашко Тодоровски. Цел на работилницата е да се промовира публикацијата и да се поттикне дискусија во чии рамки ќе се разменат искуства за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност.
На работилницата ќе учествуваат претставници од централната власт, локалната власт и невладините организации кои работат на прашања што ги засегаат немнозинските етнички заедници.
Воведно излагање на работилницата ќе имаат Сашко Тодоровски, ко-автор на Прирачникот, Сали Латифов, претставник од општина Чашка и Зати Рамаданов од ЗГР „Романи Бах“ од Велес.
Работилницата ја организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Фондацијата „ФОКУС“ од Велес (поранешен Центар за поддршка на НВО).
|