spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Работилница за промоција на прирачник за отстранување на дискриминацијата во Прилеп Испечати Е-пошта
prom_prir_diskr.jpgРаботилница за промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“ се одржува на 8 октомври 2009 год. (четврток) со почеток во 16.00 часот, во хотел „Кристал Палас“, Прилеп. Автори на прирачникот се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски. Работилницата ја организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Фондацијата за поддршка и развој Прилеп (поранешен Центар за поддршка на НВО - Прилеп). Цел на работилницата е да се промовира прирачникот и да се поттикне дискусија и разменат искуства за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност. На работилницата ќе учествуваат претставници од централните власти, локалните власти и невладините организации кои работат на прашања што ги засегаат немнозинските етнички заедници.
Воведен збор ќе имаат Сашко Тодоровски, ко-автор на Прирачникот, претставник од канцеларијата на Народниот правобранител, Али Алиоски, член на Комисијата за односи меѓу заедниците, Општина Долнени и Авнија Алиоски, член на Комисијата за односи меѓу заедниците, Општина Крушево и Тахир Селимоски од ЗГ „Романи Шукарипа“ Прилеп.

Дневен ред

pp776

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB