|
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” |
|
|
Од 24 до 26 октомври 2008 год. во хотел „Дрим” – Струга се одржува обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување“ за претставници од невладини организации, јавни институции и единици на локалната самоуправа од регионот на Кичево и Дебар.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување. Обуката ги вклучува следните теми: партнерства, запознавање со можните партнери (НВО, општина, институција), мрежи и коалиции, анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање и застапување и спроведување кампањи, градење на партнерства со медиуми.
Обучувачи на обуката се Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини.
Обуката ја организира ФИООМ во соработка со Центарот за развој на заедницата Кичево и Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (поранешни Центри за поддршка на НВО).
|